УФМР со вонредна временска прогноза за утре

Значителна промена на времето со заладување и силен ветер од утре најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Утре во првата половина од денот ќе се задржи топло време со умерен југозападен и западен ветер. Попладне, а особено кој крајот на денот поради продор на студена воздушна маса од север ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава. Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување во текот на ноќта и во наредните денови“, соопшти УХМР.

Оттаму најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10. степени, а на места и за 15. степени. Од среда наутро, пак, осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – НЕМА ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денеска се регистрирани 72. нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …