(ВИДЕО) Манџукиќ и Роналдо не можеле да спијат: Одекнувало навредливо скандирање!

Јувентус денес во Валенсија игра натпревар од првото коло на Лига на шампионите, а играчите на „старата дама“ предводени со Кристиано Роналдо баш и’ не спиеле, ноќ пред пресметката.
Месталја, стадионот на Валенсија е познат по вжештената атмосфера, темпераментните навивачи кои понекогаш знаат да ги преминат границите, а некои од нив се обиделе на играчите на Јувентус да им доловат каков пекол ги чека на стадионот, денес од 21. часот.
Имено, Јувентус допатувал еден ден пред натпреварот и отседнале во еден хотел во Валенсија, но секако дека во градот веднаш се дознало каде ќе преспијат играчите од најдобрата екипа на Сериа А.
Во текот на ноќта, пред хотелот се појавиле 20. инна навивачи на „шишмишите“ кои фрлале пиротехника, викале на цел глас и непристојно скандирале на сметка на Кристиано Роналдо.

Така, навивачката приспивна песна траела до длабоко во ноќта додека не се појавила полиција и не ги истерала жешките навивачи, кои го реметеле сонот на дечките кои го носат дресот на италијанскиот првак, Јувентус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) 5. светски градови кои би можеле да потонат

Секоја година главниот град на Тајланд потонува за 2,5 сантиметри, па поради тоа се наоѓа …