Кога мажот ќе ги изговори овие 10. реченици за жената, со неа останува до крај на животот!

Кога мажот ќе сретне жена за која трага целиот свој живот, тоа многу често се случува сосема неочекувано. И, тоа се менува сè.
Ако мажот го најде оној совршен цвет среде пустината, тој никогаш нема да замине. Тој ќе остане со вас засекогаш затоа што без двоумење за вас ќе ги каже овие работи:

Таа ме поддржува
На секој маж му треба жена која има мудрост да му помогне успешно да чекори низ животот. Често можеме да слушнеме дека зад успешен маж стои уште поуспешна жена, што е апсолутна вистина. Жената во животот на мажот внесува смисла и смерници за да стане помудар.

Таа е преубава
Убавината се крие во окото на набљудувачот. Ако таа нему му е најубава жена која било кога ја видел, тогаш мажот останува покрај неа. Има луѓе кои премногу внимание оосветуваат на нечиј физички изглед, но ги има и оние кои се бунат против идејата дека убавината е најважна. Сепак, човечките суптества можат да уживаат во меѓусебната убавина, се’ додека се во можност да ја видат. Мажот е свесен за тоа, ужива во убавината на жената, но не му е најважна особина поради која ќе остане со неа.

Таа е добра и внимателна
Ако жената не носи топлина во своето срце, тогаш таа не може да го има она посебно место во животот на мажот. Бидејќи, љубов на неговиот живот е жена која се грижи за него (и тој за неа) и тоа во секоја смисла на зборот.

Таа е енергична
Животот понекогаш е компликуван, понекогаш е здодевен и монотон. Мажот е посреќен покрај жена која е енергична,сака авантури и е полна со живот.

Ме сака со сето свое срце
Тоа е без сомнение најважна работа. Кога жената сака некого, таа го сака со цело срце и потполно му е посветена.Ако мажот пронајде жена која искрено го сака, тогаш го пронашол најдрагоценото богатство кое светот може да му го понуди.

Секогаш е подготвена на компромис
Секој може да биде тврдоглав. Во врските луѓето често влегуваат во навики и се помируваат со тој начин на живот. Само за да нешто не се менува. Но, кога мажот ќе пронајде жена која е подготвена на компромис, свесен е дека тоа е само половина битка, знае дека ќе мора да биде подготвен на промени. Успешниот однос е изграден на компоромис. Поради тоа ништо друго не ви преостанува туку да прифатите компромис за да имате долг и среќен живот.

Ми дава чувство дека сум на вистинско место
Мажот е вљубен кога ќе почувствува дека го пронашол своето и единственото место во светот. Прекрасното чувство дека е таму каде и треба да биде, и не му треба ништо, ниту друго. Ако тој ја види својата душа кога ќе се огледа во нејзините очи, тогаш конечно е дома. Зошто тогаш би заминал?

Таа секогаш ми кажува кога не сум во право
На секој маж му треба жена која ќе му даде до знаење кога се однесува „како будала“. Мажот ја има онаа необична способност да донесе погрешни одлуки и понекогаш навистина прави глупави работи. Кога ќе пронајде жена која го држи на вистинскиот пат и секогаш му кажува кога мисли дека греши, неговиот живот е поисполнет дури и’ ако тоа понекогаш делува фрустрирачки.

Таа има јак карактер
Сите се во потрага по некоја жена која во потполност се вклопува во идејата за совршена жена, но во секој случај тоа подразбира комбинација на сила и женственост. И ако својата женственост воедно ја изразува на било кој начин што таа ќе го избере, тогаш е идеална во неговите очи. Овие две особини не се спротивни една на друга. Всушност, тие можат да се комбинираат на совршен начин.

Таа е страствена
Живот исполнет со страст е единствен вреден за живеење. Ако во себе чувствуваме оган на страста, а немаме никого со кого би ја проживеале, тоа е понекогаш тешко да се поднесе.Страста го доживува својот врв само помеѓу двајца луѓе. А, ако жената нема страст, тогаш сигурно во вашиот однос недостасува нешто многу значајно.

Таа ми значи се на светот
Многу често, кога во некого ќе се вљубиме, не можеме да објасниме зошто. Работата е во тоа што и’ не ни треба причина. Ако мажот ја сака жената и не може да си го замисли животот без неа, тој нема да ја напушти. Тој само треба да сфати колку таа жена му значи. Понекогаш луѓето не го гледаат тоа се’ додека не биде предоцна. Сите ние претпоставуваме дека ќе добиеме уште една шанса, но исто така е можно и дека нема да има втора шанса. Тогаш таа единствена личност ја губиме засекогаш. А тогаш ќе жалиме до крајот на животот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

На слончето на Халкбанк му треба име!Биди кум на новата маскота за Детско штедење и можеш да добиеш 10.000 ден

Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк ја претстави својата нова маскота за Детското штедење – …