(ВИДЕО) Македонска песна како подлога за гимнастика: Александра со „Зајди, зајди“ до бронзен медал на СП!

Сме биле сведоци дека македонската песна „Зајди, зајди“ се користи на многу прослави, ја препејуваат, користат во филмови, документарци…но се случи една гимнастичарка да ја земе како „помош“ во својот последен настап на СП во ритмичка гимнастика во Бугарија.

Италијанската гимнастичарка Александра Агургукулезе го освои бронзениот медал на Светското првенство во ритмичка гимнастика кое се одржува во Софија.Таа имаше брилијантна изведба на партер и тоа со македонската „Зајди, зајди“, па се искачи на подиумот иако беше осмопласирана пред завршните настапи.
Александра Агургукулезе е родена во Романија, но живее во Удине и е дел од италијанската репрезентација.Со својот настап таа ги воодушени судиите (но и коментаторката), па успеа да обезбеди бронзен медaл, иако беше осмопласирана пред завршните настапи.

Alexandra Agiurgiuculese ball F 2018 Sofia World Championships

Goodnight with Alex's magical ball routine on Zaidi Zaidi!Her coach's reaction at the end was EPIC!Watch the full competition here https://www.youtube.com/watch?v=C652L7D_a0w

Gepostet von The Knotted Ribbon – Sharing the love for Rhythmic Gymnastics am Dienstag, 11. September 2018

Доколку ги погледнете видеата ќе забележите дека песната ја изведува жена (нам непозната), но се чини дека тоа е уште едно „позајмување“ на македонска песна без одговорности…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) КОВИД -19: 13. МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЈА ПОБЕДИЛА КОРОНА: Во Бразил 22. илјади новозаболени за 24. часа, со вирусот се избориле 13. милиони пациенти!

Во светот од почетокот на пандемијата „Ковид 19“ се заразени повеќе од 20. милиони луѓе, …