(ВИДЕО+ФОТО) Позната глумица изчезнала пред три месеци: Отстранети билбордите со нејзиниот лик а премиерите се откажани!

Најпопуларната кинеска глумица која е позната и ширум светот со оглед на тоа дека е и дел од холивудската продукција, исчезнала без трага.
Три месеци нема ниту трага ниту глас од Фан Бингбинг, а светските медиуми претпоставуваат дека во тајност е одведена во притвор, со оглед на нејзиниот судир со тамошните власти поради затајување данок.
Убавата Фан со светска слава се здобила со улоги во хит филмовите „Iron Man” и “X-Men”, а во мај во Кан го промовирала и новиот шпионски блокбастер во кој колешки и се ѕвезди како Џесика Честејн, Пенелопе Круз, Марион Котијар…

Нејзиното богатство се проценува на повеќе од 100. милиони долари, а на социјалните мрежи ја следат повеќе од 62. милиони фанови, па е заштитно лице на најпрестижните брендови во светот.
Сепак, 37. годишната глумица пред извесно време потполно „исчезнала“, нејзиниот профил на социјалните мрежи е потполно неактивен,рекламите со нејзиниот лик во Кина одеднаш биле повлечени, а за неа ништо не се знае.

Колегите на Фан ги фатила паника, а фановите се многу загрижени, како што пренесува „NY Times”,со оглед на тоа дека е навистина мистерија како некој толку познат во модерно доба може да исчезне без било каква трага, без оглед дали е тоа своеволно или не.

Теорија е дека нејзиното ичезнување е тесно поврзано со владините истражувања за одбегнување на плаќање данок во филмската индустрија, но службени обвиинувања за Бингбинг никогаш немало.
Сепак,има многу сомнителни нешта. Нејзиното име е отстрането од постерот на кинескиот филм во кој игра и Брус Вилис, а премиерата на филмот е поместена од август на октомври, а никој не знае зошто. Друг филм во кој глумела требало да се појави во јули, но до ден денешен не е прикажан. И не се знае кога ќе биде прикажан. Се појавиле и шпекуалции дека нејзината улога била потполно исфрлена во монтажата.
Интересно е и дека во написот од 6. септември кој го објавил државниот портал „Securities Daily”, а кој бргу бил избришан,пишувало дека Фан е „доведена под контрола, како и дека ќе добие законска пресуда“.

Се’ започнало кон крајот на мај кога во јавност, преку кинески социјални мрежи, се појавил договор кој го потпишала. Наводно, глумицата имала два различни договори, еден официјален во кој стоело дека е исплатена 1,5 милиони долари, а во вториот кој е таен стоело дека е исплатена 7,5 милиони долари. Во Кина тоа била добро позната пракса, а станува збор за јин-јанг договори кои служат како облик за одбегнување данок.
Договорите во јавност ги пуштил водителот Куи Јонгџуан, кој во јуни се извинил поради тоа, но било доцна бидејќи таа веќе исчезнала…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Боки 13 си дојде дома: Судот го испрати во домашен притвор

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, ќе биде префрлен од притвор во истражниот затвор во …