„Вардар“ со голема победа ги негираше „шефовите“ во МРТВ за падот на македонските екипи и немањето потреба од преноси!

Љубителите на спортот не можат да се помират со фактот дека МТВ нема да врши преноси од Лига на шампиони во фудбал и ракомет. И’, додека во ЛШ на фудбал немаме претставник, за контрастав на „големите шефови“ во националната телевизија се погрижија ракометарите на „Вардар“…
Оние кои имаат Арена 4 (преку Магента на Телеком кој се „рекламира“ дека ги има правата на ЛШ во фудбал за Македонија) имаат среќа, но половина од фановите извисија и нема да можат да ги следат натпреварите на „Вардар“…
По победата над Монпелје (27-24) преку својот „Фејсбук“ профил се огласи оперативниот менаџер на Вардар, Марко Савовски: „Посебен поздрав до одговорните во МРТВ,бидејќи одиме во надолна линија и нели нема потреба да ги пренесувате натпреварите на РК ВАРДАР“, пиша Савовски.


Монпеље-Вардар 24:27💪🏻💪🏻💪🏻🔴⚫️🔴⚫️Посебен поздрав до одговорните во МРТВ,бидејќи одиме во надолна линија и нели нема…

Gepostet von Marko Savovski am Samstag, 15. September 2018


Ракометарите на Вардар со голема победа го започнаа настапот во новата сезона во најелитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Европскиот првак од пред две сезони славеше на гостувањето кај актуелниот европски шампион Монпелје со 27:24.


Најдобар стрелец во вардаровиот тим беше Борозан со осум, а Чупиќ имаше шест, Скубе пет погодоци, додека голманот Милосављев запиша 16 интервенции. Кај Монпелје се истакнаа Кавтичник со шест и Порт со три погодоци.
Следен предизвик за Вардар во ЛШ ќе биде дуелот со шведскиот Кристијанштад на домашен терен. За потсетување, во Фајнл форот минатата сезона во ЛШ, Вардар беше поразен од Монпелје во поулуфиналето, по што во големото финале актуелниот првак го порази Нант и стигна до титулата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Девојка споделила совети за љубовни состаноци: „Ако ги слушнете овие три работи, бегајте што побргу“

Запознавањето и воспоставувањето романтична врска често не е лесно, а една девојка на Тикток објаснила …