Овие шест комбинации се „највљубени“ според хороскопот!

Понекогаш ни е чудно како некои двајца можат да се заедно, башка и многу вљубени и среќни…
Но, ништо не е случајно. Иако во астрологијата понекогаш можеме некои знаци да протолкуваме погрешно, сепак, умее и да помогне.
Доколку се восхитувате на некои вљубени двојки кај кои страста е како и првиот ден проверете да не се меѓу овие комбинации…

Терезија и Скорпија
Терезиите и Скорпиите се одлични пријатели, но и партнери во љубовта. терезиите уживаат кога се посакувани, а Скорпиите се опседнуваат со оние кои ги сакаат. Терезиите се советници, а Скорпиите уживаат во тоа. Заедно, тие креираат убава комбинација која ги задоволува потребите на двете страни.
Таквата комбинација не настанува од прва, туку на почетокот постои негодување поради различните карактери. Сепак, кога тие ќе поминат повеќе време заедно, комбинацијата е одлична. Тие создаваат поврзаност меѓу себе каква што немаат со никој друг.

Риби и Рак
Познати по својата огромна емотивност и интуитивна природа, Раковите и Рибите се разбираат меѓу себе како никој друг. Заедно, тие се губат во својот свет на идеализирање и заеднички ја создаваат својата среќа, далеку од другите. Поврзаноста меѓу нив се забележува секогаш.
Тие се одлични заедно бидејќи создаваат баланс. Ракот чувствува многу и е приземјен, додека пак Рибите се креативни и интуитивни. Тие се разбираат меѓусебно и заеднички се посветуваат на заедничките интереси.

Овен и Стрелец
Кога Овенот и Стрелецот се заедно, авантурата е неизбежна. Тие се спонтани личности кои сакаат постојано да се случува нешто во нивниот живот. Нивните дискусии се долги и страствени, на сите различни теми кои ги интересираат. Овие два знаци се интелектуални сродни души и многу се почитуваат меѓусебно,
покрај тоа што се сакаат.
Познати се по својата индивидуалност. Тие се независни и имаат силна волја. Но, ибзаеднички се восхитуваат на исти нешта. Ако се поврзат романтично, тие се и најдобри пријатели.

Близнаци и Водолија
Близнаците и Водолијата се два екстреми кои многу се поврзуваат. Близнаците се неодлучни и брзи, а Водолиите се посветени и со силна визија. Тие навистина си се потребни еден на друг. Близнаците ја инспирираат Водолијата, а таа им дава фокус во животот.
Ова партнерство е силно и под својата површина. Водолијата сака квалитетен живот, но и покрај својата збунетост, Близнаците го сакаат истото.

Девица и Бик
Девицата и Бикот се најдобрата љубовна комбинација, која како да потекнува од рајот. И двата знака се земјени и ги балансираат своите идеалистички желби. Тие се одлични пријатели, но и бизнис партнери и секогаш одлично се разбираат меѓу себе.
Девицата го обожава самоуверениот пристап кон животот кој Бикот го има. Тие си се восхитуваат еден на друг.

Терезија и Рак
Терезиите и Раковите се сродни души. Ракот е емотивен, а Терезијата многу приземјена и разумна. Таа бара многу, а Ракот е секогаш подготвен да се вложи целосно кон оние кои ги сака. Тие се прво добри пријатели, поради едноставниот начин на живот кој го живеат. Тие наоѓаат пријатност меѓу себе и нивната љубов
е незапирлива.Овие два знаци стапуваат во брак многу брзо и тоа никогаш не е грешка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за среда, 21.11.2018:Нови шанси, ненадејни поволни ситуации стануваат вистински изненадувања, меѓутоа, можат да бидат со краток здив доколку на време не го препознаете потенцијалот на истите…

Денескае среда и пред нас е ден без нови аспекти, иако цел ден ќе мине …