(ФОТО) Чендлер од „Пријатели“ последните три месеци ги минал во болница

Пери во почетокот на август завршил на итна операција во волница во Лос Ангелес поради пукање на дебелото црево. За среќа, на време отишол на лекување…
Глумецот Метју Пери (48) најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит серијата „Пријатели“, изминатите месеци не се појавувал во јавност, а не бил активен ниту на социјалните мрежи. Сега на Твитер открил каде бил и што правел.

„Одработив три месеци во болнички кревет“, напишал Пери, а бројни обожаватели му посакале брзо оздравување.

Пери во почетокот на август завршил на итна операција во волница во Лос Ангелес поради пукање на дебелото црево. За среќа, на време отишол на лекување бидејќи би дошло до сепса и можел да умре.
Да потсетиме, глумецот во јавност често говореше за својата борба со алкохолизмот и разните лекови и рекол дека со таа зависност имал проблеми скоро цел живот.Истакнал дека бил во лоша состојба што не се сеќава на се од снимањето на „Пријатели“.

Неколку пати бил на одвикнување од алкохол и во 2015. година дури и се пошегувал дека е „награден алкохоличар“ откако го примил признанието од рехабилитациската организација Phoenix Hous. Покрај тоа, се лекувал од зависност од метамфетамини, метадон и Викодин, а лекувањето го завршил во 2001. година.
„Главно пиев, знаете, и земав, опијати. Мислам дека бев многу добар во криењето на сето тоа, но со тек на време луѓето станаа свесни за тоа. Страшно е тоа да се гледа“, истакнал Пери. Додал дека бил многу болен човек.
Во 2012. година раскинал со девојката, колешка Лизи Каплан (36), а моментално не е во врска. Пери се посветил на глумата во театар, во Њујорк, каде сега живее.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Намирници кои ги штитат белите дробови: Богата е со витамини А, Е и Д

Здравјето на белите дробови никогаш не било поважно отколку во пандемијата на коронавирус. Овој витален …