(ФОТО) Уште еден срам за МТВ: Оваа сезона нема да гледаме Лига на шампиони ниту во фудбал ниту во ракомет – што ќе работат?

Колку се професионални се гледа и во најавата за директните преноси од Формула 1 кои со месеци ги пренесува ТВ24…Очигледно оваа програма за спортската редакција е „исфрлена од ракав“ колку да се пополни просторот во предлог програмата…
По неколкудневни шпекулации дека Македонската радио телевизија нема да врши преноси од најдобриот европски ракомет и фудбал, сега и’ официјално стигна потврда за тоа. Уредникот на спортската редакција на МРТ, Драган Николовски ја потврдил информацијата за Офф.нет.мк.
„Точно е, Македонската Телевизија нема да ја пренесува ракометната Лига на шампионите во сезоната којашто почнува деновиве. Во ситуација кога Македонија остана без претставник во женска конкуренција, а машките клубови се во надолна линија, дури и со реална неизвесност околу нивната перспектива во ЛШ, условите
за склучување нов двегодишен договор со ЕХФ Маркетинг (а не да се договара сезона по сезона) беа премногу неповолни од финансиски аспект.Како и во претходните неколку сезони, договорот требаше да ги опфаќа ТВ-
правата за пренесување само на натпреварите на нашите претставници, обврската за ТВ-продукција и за сателитскиот аплинк на мечевите коишто ќе се играат во Македонија, како и ТВ-правата за завршните турнири во Будимпешта и во Келн“, изјавил тој.
Договорот кој МРТ го имал со ЕХФ Маркетинг важел на три сезони и истекол со крајот на 2017/2018, а освен што сезонава нема да ги гледаме Вардар и Металург во Лигата на шампионите, јавноста останува со куси ракави и кога е во прашање најдобриот европски фудбал на МТВ.
„МРТ и за наредниот тригодишен период (2018-2021) достави исклучително висока понуда до Тим Маркетинг, компанијата преку којашто УЕФА ги продава ТВ правата за фудбалската Лига на шампионите и за Лига Европа. Сумата којашто во моментов е незамислива за некоја од комерцијалните ТВ куќи во земјава да ги откупи
правата за ексклузивното натпреварување, сепак, не беше доволна за МТВ да обезбеди ексклузивитетот како и во периодот од 2012 до 2018 година“, додал Николовски.
Вчера на веб страната на МРТ, во 12:08 часот, беше објавен текст со Предлог годишна програма за работа на ЈРП МРТ… Каква иронија?

Од насловната страна на веб страната на МТВ може да се види дека за нив времето застанало бидејќи последните спортски вести се објавени пред неколку месеци.Додека веб страните на другите национални тв куќи, во регионот, се апдејтуваат со секоја нова информација тоа не важи за македонскиот национален сервис – всушност за нив не важат никакви професионални норми.
Колку се професионални се гледа и во најавата за директните преноси од Формула 1 кои со месеци ги пренесува ТВ24…Очигледно оваа програма за спортската редакција е „исфрлена од ракав“ колку да се пополни просторот во предлог програмата.
И, сега ни останува прашањето што ќе работат луѓето од спортската редакција на МТВ. Нема директни преноси од Лига на шампиони ниту во ракомет, ниту во фудбал, нема најави за преноси на други настани…Па, можеби да ја укинат спортската редакција и вестите од спортот да ги чита спикер – барем во денешно време, со оваа современа технологија има разни можности за наоѓање на вести…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЧУДО ВО ГАЗА: Петмесечно палестинско момче извлечено ЖИВО под урнатините на трикатница – неговото семејство настрадало во израелскиот напад

Петмесечно дете било спасено од урнатините на зградата погодена од израелски ракети во бегалски камп …