(ФОТО) Бали бег успеал да се избори со депресијата: Потполно го променил имиџот за нова историска серија!

Иако со сопругата, актерка, планирал десетдневен одмор во Грција, каде веќе го платил одмор, тој се предомислил и останал во Истанбул, каде што се подготвувал да сними нова серија
Иако е еден од најпопуларните турски актери неодамна објави дека се повлекува од јавноста поради страдање од депресија,но фановите на Бурак Озџивит можат да здивнат. Тешкиот период е очигледно зад него, бидејќи тој се посветил на нов проект, а го промении и имиџот.

“Се чувствувам депресивно, потребна ми е пауза и, се разбира, нема да видите дека ќе работам во блиска иднина”, рече Бурак Озџивит, неодамна, најпознат како Бали бег од серијата „Сулејман Величенствениот“. За неговата лоша состојба, пишуваа турските медиуми, придонле деловни неуспеси, како и семејната драма поврзана со болеста на таткому и одлучил да “застане на топката”. Очигледно, сега сето тоа е зад него.
Исто така, има и нов, свеж изглед, кој првенствено се однесува на долга коса и многу пократка брада.

Иако со сопругата, актерката Фахрије Евџан, планирал десетдневен одмор во Грција, каде веќе го платил одмор, тој се предомислил и останал во Истанбул, каде што се подготвувал за снимињето на новата серија „Осман Гази“ во коај му е понудена главната улога.Во серијата тема ќе биде животот на Осман Први, основач на османлиското царство. Ликот кој ќе го глуми Бурак, Осман Први, бил син на Ертугрил Гази.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дејвид Атенборо ќе го претставува народот на самитот за климатските промени

Познатиот британски водител, Дејвид Атенборо, е именуван за „народен претставник“ на глобалниот самит за климатски …