„Евровизија 2019“ сепак во Тел Авив – поради безбедносни причини

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопшти дека Тел Авив ќе биде град домаќин на 64. издание на „Евровизија“.
По неколкумесечни преговори, организаторите велат дека го избрале Тел Авив, а не Ерусалим, заради инфраструктурата и можностите што ги нуди. Финалето ќе се одржи на 18. мај 2018 година, а полуфиналињата се закажани за 14. и 16. мај, во Експо центарот во Тел Авив.
„Сакаме да им се заблагодариме на сите израелски градови што се вклучија во трката за домаќин на ’Евровизија 2019’ и на националната телевизија КАН што ни помогна да направиме темелна проценка пред да донесеме конечна одлука. Сметаме дека Тел Авив го нуди најдоброто решение за најголемиот музички фестивал. Возбудени сме што фестивалот ќе се случува во нов град и се радуваме што ќе работиме со КАН за да ја направиме следната ’Евровизија’ најспектакуларна до сега“,изјавил Јон Ола Санд, претседателот на ЕБУ.
Израелските медиуми пишуваат дека Тел Авив е избран од безбедносни причини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …