(ФОТО) Разголената ќерка на Мадона шокира: На писта ги прошетала влакнестите нозе!

На манекенката под панталоните и ѕиркале црни гаќи кои ги навлекла скоро до папокот, а од косата и излегувале зелени пердуви. Лоурдес и порано, како и нејзината мајка гордо позирала со небричени пазуви…
Ќерката на пејачката Мадона (60) и бившиот телохранител, Карлос Леон (52) вчера имала впечатлива модна комбинација на пистата на недела на модата во Њујорк.

Лоурдес Мариа Чичоне Леон (21) била модел за колекцијата „Gypsy Sport Spring Summer 2019“, а прошетала со школки наместо градник и во искинати „boyfriend“ фармерки.

На манекенката под панталоните и ѕиркале црни гаќи кои ги навлекла скоро до папокот, а од косата и излегувале зелени пердуви.Но, на ќерката на Мадона најмногу се истакнувале влакнестите нозе кои, како што се чини, не ги депилирала, барем две недели. Лоурдес и порано, како и нејзината мајка, гордо позирала со крената рака на која се гледале небричените пазуви.

Ќерката на пејачката, која со фотографии од модната писта се пофалила на социјалните мрежи, неколку години се бави со манекенство, а работела и за познатата дизајнерка Стела Мекартни (46) која е пријателка на Мадона. Лоурдес студира на Универзитетот во Мичиген и учењето го ускладува со моделингот.
Мадона ќерката ја добила од врската со бившиот телохранител со кого раскинала во 1997. година. Карлос, кој сега се бави со глума, ја пофалил ќерката, во интервју за магазинот „Hello“, велејќи дека сака да јаде брза храна, но живее здраво.

„Оди на часови по танцување и многу е здрава, а јас секогаш и советувам да јаде повеќе зелен зеленчук и барем една салата на ден“, истакнал Карлос, кој спомнал дека нему ќерката му кажува што би требало да облече.
„Ми вели дека носам премногу тесни фармерки“, раскажал тој.

Лоурдес на Мадона и помогнала да ја напише книгата „Англиски ружи“, уште кога имала шест години, а станува збор за бајка за четири сестри. Освен со пишување, ќерката учествувала и во нејзината музичка кариера па ги облекувала нејзините танчери.
Лоурдес, на пејачката и помогнала да ја лансира козметичката линија „Material Girl Beauty“ и да покрене козметичка кампања, а била и придружен вокал на нејзината песна „Superstar“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Во среда е најголемата македонска слава – Свети Никола!

Во среда православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. …