Делумно избрани композициите за „Макфест 2018“: Сега следат нарачки!

Избрани се дел од композициите за годинешниот фестивал на забавна музика „Макфест“. Кирил Панајотов советник за јавни дејности во Општина Штип информира дека оваа година, наместо 30. ќе бидат изведени 32. композиции.

„Годинава има 32. композиции кои ќе се натпреваруват во две полуфинални вечери. Веќе се завршени и’ сите технички подготовки околу фесивалот. Телеволтинг повеќе нема да има, ќе гласа публиката, зашто таа секогаш знаела добро да избере. Практично ќе биде троделно гласање, но техниката ќе се соопшти дополнително“, соопштува Панајотов.


Тој истакна дека се’ уште не се дефинирани учесниците во шоу програмите, но се највува музички перформанс за неодамна почината музичка ѕвезда, а своевремено учесник на Макфест.
Од оваа година фестивалот на забавна музика „Макфест“ ќе се одржува во почетокот на месец октомври, со што го враќа стариот тајминг.


Селекционата комисија после три преслушувања на пристигнатите композиции,
на Kонкурсот објавен на 21.02.2018 година, за избор на композиции за 33-то
издание на забавни мелодии „Макфест 2018“ ,ги одбра следниве композиции
со работен наслов:
01. Ме научи да бидам своја
02. Како зрно песок
03. Песно моја
04. Милион причини
05. Не ме следи
06. Мое мило
07. Знаев се`
08. Љубов
09. Невреме
10. Што ни остана
11. Караван на љубовта
12. Безимена
13. Љубовта е
14. Убав е овој свет
15. Јас немам ниту сон
16. Тој сон нека потрае
17. Таму некаде

Заради потребата од квалитетни композиции и вокални интерпретатори, согласно Правилникот, организаторот и уметничкиот директор на Фестивалот одлучија, преостанатите композиции да бидат обезбедени по пат на нарачки, и тоа од автори коишто имаат освоено највеќе победи и награди на фестивалот „Макфест“ до сега, и од моментално најзастапените автори во Република Македонија,
кои, исто така, ќе бидат преслушувани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …