Бојата на вашето лице открива дали имате здравствени проблеми

Изгледот на кожата лесно може да открие одредени здравствени проблеми. Бледило, осипот или акните понекогаш може да укажуваат на проблеми со бубрезите, белите дробови или недостатокот на одредени витамини и минерали.

Бледо лице
Бледата кожа се упатува на анемија или недостаток на железо, но исто така може да укаже на нарушено здравје на белите дробови и бронхите. Ако се сомневате дека имате анемија, направете анализа на крвта и збогатите ја вашата исхрана со зелен зеленчук, риба и витамин Ц. Бледа кожата со сини нијанси околу носот и устата јасно укажува на проблеми со срцето, па затоа е пожелно да ги извршите неопходните кардиолошки прегледи.

Проблем на сувата кожа
Ако вашата кожа е сува и се лупи (се перута), можно е да невнесувате доволно течности. Но, ако забележите мало воспаление на лицето со овие симптоми, може да имате проблеми со бубрежните и органите за излачување. Треба да направите анализа на урината, биохемиска анализа на крвта и ултразвук на карлицата. Лесното лупење (перутање) на кожата на носот може да укаже на недостаток на цинк во телото.

Појава на осип и плиускавци
Појавата на големи осипи на лицето, како и ситни плускавци на лицето, укажуваат на проблеми со стомакот или цревата, па затоа треба да се пазите од квалитетот на исхраната. Ако на вратот повремено се појавуават црвени дамки често е алергија на храна или лек. Општото црвенило на лицето, особено по физички напор, е еден од симптомите на хипертензија. Високиот крвен притисок е поопасен за срцето кај женската популација.

Жолта кожа
Доколку кожата добие жолтеникава нијанса, итно треба да ги прегледате вашиот црниот дроб и жолчката, бидејќи можно е да дошло до застој во лачењето на жолчката и до воспалителни процеси. Сува, бледо жолтеникава кожа укажува на одредени дигестивни нарушувања, на хроничен гастритис или чир на желудник, кои може да се испитаат со гастроски преглед.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Чудесен ПАШКАНАТ: Се користи во народната медицина уште од античко време, а неговата арома го подобрува секое јадење!

Билката пашканат е исклучително здрав бел корен. Тој е многу ароматичен, па затоа е ценет …