Откриена стриктната диета на Кејт Мидлтон: проверете дали би се хранеле како војвотката од Кембриџ!

И покрај трите бремености што ги имаше, Кејт Мидлтон успеа да ја зачува витата фигура, а после секоја од нив, таа во рекорден рок ја вратила својата линија. За разлика од нејзината сестра Пипа, војвотката од Кембриџ, не е склона да вежба, но неактивноста во оваа област, Кејт ја дополнува со строгата диета која вклучува сурова, високо-протеинска храна со минимална количина на јаглени хидрати и повремено десерт, пренесува Daily Mail.

Покрај личните ограничувања на Кејт кога станува збор за храната, како членка на кралското семејство забрането и е да јаде одредени работи, но тоа не ја спречува да експериментира со храната. Како што истакнува споменатиот портал, Кејт, наводно, за да изгуби тежина пред свадбата прибегнала кон диета која се состои од протеини,зеленчук, овошје и леб од цели зрна од пченица. Таа е исто така голем љубител на сурова храна, која вклучува различни јадења без термичка обработка.
Меѓу омилените специјалитети и е сурова риба која се маринира во сок од лимон и други зачини, салата од лубеница, гаспачо,гоџи бобинки и бадемово млеко.Суровата храна, наводно, ја јаде најмалку еднаш неделно, со цел, покрај беспрекорната фигури, да го одрќи и сјајот на кожата.

Како што веќе истакнавме, Кејт не се плаши да експериментира со храната која на прв поглед можеби звучи и изгледа невообичаено.Така при посетата на Канада
вкусила различни егзотични јадења, кои не би се допаднале на секое непце.
Токму таму, меѓу другото, открила дека, како и повеќето англисчани,и таа е голем љубител на зачини, а нејзиниот омилен додаток е кари.
Иако Кејт сака да се држи до стриктна диета, често се почестува си празнично посластици кога ќе има можност. На нејзиното мени често можат да се видат десерти како Божиќен пудинг со путер и Божиќна овошна торта.

 
Десертите обично следеле по салата со ракчиња и јастози, печена мисирка и скара. Сепак, Кејт не мора да се грижи за себе и за тоа што ќе го ајде туку има приватен готвач кој и ги исполнува сите желби.
За разлика од неа, сопругата на принцот Хари, Меган Маркл е вешта во кујната, а при славењето на првиот заеднички Божиќ со Елизабета II, Кејт успеала да подготви домашен ајвар за кралицата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Да бидеме хумани: На многудетно семејство му треба наша помош!

Добрите луѓе повторно се покажаа хумани и емотивни… Филип Пепоски на Фејсбук сподели фотографија од …