(ФОТО) На 14. и 15. септември повторно дружење со „Статуафест“- Другото лице на улицата

За неколку дена во Скопје повторно ќе се одржи интернационалниот уличен уметнички фестивал СТАТУАФЕСТ – Другото лице на улицата.
Фестивалот ќе се оддржи на 14.ти и 15.ти септември, на улица Македонија со почеток во 18:00 часот па се’ до полноќ.
Ќе учествуваат светски познати артисти, ако што се Ел трио ла ла од Барселона, кои се светски прваци на интернационалниот натпревар за живи статуи во Архем, Холандија, а покрај оваа имаат освоени и уште неколку други награди.

Ни доаѓа артист и од Украина кој е заштитно лице на фестивалот, а ќе настапи со актот Mr. Show time. Доаѓаат артисти од Бугарија, Србија, а ќе настапуваат и живите статуи од македонската продукција Театроск која е организатор на овој фестивал. Актот КОНТРАБАС со кој Театроск освои прво место на интернационалниот натпревар за живи статуи на фестивалот Зигет во Унгарија, исто така ќе биде претставен пред македонската публика.
Освен живи статуи, свој музички сет ќе има DJ Соња Исмаил, а свој концерт ќе оддржи и познатата скопска група ПЕПЕРМЕНТ на 14ти септември.

Веќе на 15ти септември програмата е поинаква, па паралелно со настапот на живите статуи, музика ќе пуштаат скопски урбани ликови, и тоа г-дин Никола Димитров, Билјана Секуловска, Анте Попоски, Бранка Костиќ Марковиќ, Џабир Дерала и Иво Антов.
Главен покровител на фестивалот е град Скопје. Спонзори се Винарска винарија Тиквеш, Меана Б, Цивил, сендвичара Смајли, Пивара Скопје, МДН обезбедување, Ладна вода и Арена Рекордс.
Одете до улица Македонија (Скопје) на 14. и 15. септември, да доживеете нешто што не се гледа секој ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Добрите ефекти на лебот на организмот

Многу луѓе избегнуваат конзумирање леб, но изборот на правилен тип може да има позитивни ефекти …