(ФОТО) Откриени причините за смртта на пејачката на „Кренберис“

Рок-ѕвездата Долорес О ‘Риордан минатата година изјавила дека боледува од нарушување на менталното здравје, кое во 2013 година кулминирало со нејзиниот обид за самоубиство …
Пејачката Долорес О ‘Риордан се удавила во бања после труење со алкохол, покажала истрагата во Лондон, пишува „Индепедент“. Поранешната членка на бендот Cranberries беше пронајдена мртва на 15. јануари во хотелот “Лондон Хилтон” во Парк Лејн, каде што снимала песни во студиото. Имаше 47 години.

Лондонската метрополитска полиција тврдела дека смртта на Долорес не е сомнителна, а судот наредил голем број на тестови. Нејзиното семејство во Ирска е „скршено“, како и фановите, особено оние во нејзиниот роден град Лимерик.

„Долорес беше ужасно депресивна неколку недели пред нејзината смрт. Таа, исто така, страдаше од болка во грбот, поради што минатата година ги откажа повеќето од нејзините настапи“, рекле нејзините блиски пријатели. Тие додале дека снимала нови музички материјали во студиото во Лондон, а настапувала со американскиот бенд Д.А.Р.К.
Со музичарот од овој бенд, Олег Корецки, била во пократка врска, а двојката се сретнала во Њујорк, минатата година на дочек на Нова Година. Ова е нивна последна слика на која тие се заедно.

View this post on Instagram

NYE: take away, TV, pajamas 😳👻

A post shared by Olé Koretsky (@doubleole) on

“Најдобар е дочекот во пиџами, со испорака на храна и ТВ”, речкол тогаш музичарот.
Рок-ѕвездата минатата година изјавила дека боледува од нарушувања во менталното здравје, што во 2013. година кулминирало во нејзиниот обид за самоубиство. Биполарното растројство,од нејзините лекари, било дијагностицирано во 2015. година, а таа исто така се бори со дијареа, алкохолизам и, наводно, како девојче била сексуално злоставувана.

„Во маничните фази на депресија не спиев и имав халуцинации. Затоа постојано земав лекови“, открила пејачката пред неколку години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Кирил Лазаров стартуваше во новата улога: „Подготвен сум и среќен за овој предизвик“

Најмладиот ракометен селектор во нашата историја, Кирил Лазаров ги пречека своите избраници со кои во …