Прекинат судскиот процес против Кевин Спејси но Холивуд му свртел грб

Судскиот процес против глумецот Кевин Спејси, по тужбата за сексуален напад од 1992. година нема да биде покрена одлучил окружниот тужител на Лос Aнгелес.
Случајот, во кој жртвата денес е возрасен маж, го презело обвинителството во април и оттогаш тој е разгледуван. Деталите за обвиненијата не се објавени, и обвинителот во вторникот објави дека случајот е застарен.
Спејси не бил достапен за коментар.


Инаку, последниот филм на двојниот Оскаровец, претрпел фијаско откако првиот викенд на прикажување од продажба на билети за кино „заработил” само 618.
долари. „Клубот на милијардери” (Billionaire Boys Club) беше снимен во 2015. година според вистинска приказна, и говори а група млади мажи кои организираат клуб во осумдесеттите години од минатиот век со цел да се збогатат со измама.


Филмот е снимен пред скандалот со Спејси, кој глумел хомосексуалец кој е убиен откако измамил група луѓе.
Исто така, режисер Ридли Скот е нешто повеќе од еден месец пред премиерата на филмот “Сите пари во светот” (All The Money In The World) ги отстранил сите сцени снимени од Спејси, а неговата улога ја презел Кристофер Пламер.
По серијата тврдења дека тој сексуално малтретирал многу помлад колега, на Спејси, Netfliks му ја откажаа и соработката во хит серијата “House of Cards”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Откако беше обвинета за фотошопирање фотографии, актерката откри како изгледа без шминка

Откако беше обвинета дека изгледа непрепознатливо на фотографиите, Салма Хајек на Инстаграм го покажа својот …