Пијанистот на „Nick Cave & The Bad Seedsa“ умрел во 58. година

„Една вечер, кога сите бевме многу пијани, околу четири наутро, Конвеј седна на пијаното во хотелскиот бар во Келн и ни ги запеа „Streets of Laredo“ со неговиот нежен, нежен стил и за миг светот застана, рекол Кејв
Долгогодишниот пијанист на Nick Cave & The Bad Seedsa, Конвеј Севиџ, починал на возраст од 58. години по изгубената битка со малиген тумор во мозокот, објавија неговите пријатели на Фејсбук.


CONWAY SAVAGEOur beloved Conway passed away on Sunday evening. A member of Bad Seeds for nearly thirty years, Conway…

Gepostet von Nick Cave & The Bad Seeds am Montag, 3. September 2018


Туморот на Конвеј му бил дијагностициран во 2017 година, по што тој се повлекол од бендот и започнал со третмани, објави БиБиСи.На негово место дошол Тоби Дамит.
Веста за смртта на Конвеј на официјалната страница беше потврдена од членовите на бендот, во која се приклучи во 1990. година.


„Нашиот драг Конвеј почина во неделата вечер. Членот на „Bad Seeds” речиси триесеттина години, Конвеј беше анархична нишка која одеше низ сите живи изведби на бендот. Сите го сакавме многу … и членови на бендот и фановите“, објавиле The Bad Seeds

„Една вечер, кога сите бевме многу пијани, околу четири наутро, Конвеј седна на пијаното во хотелскиот бар во Келн и ни ги запеа „Streets of Laredo“ со неговиот нежен, нежен стил и за миг светот застана. Во тој момент тму немше никој кој не пушти солзи, рекол Кејв.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Парко 2047 фестивал

Иднината започнува сега! „Парко.𝟐𝟎𝟒𝟕“ е проект на млади Битолчани, чија цел е да создадат платформа …