(ВИДЕО+ФОТО) Извадила копија од оружје: Полицајци ја убиле ѕвездата на ТВ-серијата „Брза помош“

Ванеса е позната по нејзината улога како медицинска сестра во серијата „Брза помош“. Неодамна го критикувала Џорџ Клуни и рекла дека тој е виновен за нејзината лоша кариера …
Калифорниската полиција ја убила ѕвездата на телевизиската серија, Ванеса Маркес (49) откако актерката се заканила со пиштол. Инцидентот се случил откако сопственикот на станот во кој актерката живеела ја повикал полицијата, бидејќи на Ванеса и била потребна помош, пишува Daily Mail.

Актерката одбила да соработува со медицинскиот тим и пред полицијата извадила копија од оружје со кое им се заканила. Полицајците ја застрелале во главата мислејќи дека тоа е вистинско оружје и дека Ванеса ќе пука.

Ванеса е позната по нејзината улога како медицинска сестра во серијата „Брза помош“. Таа неодамна го критикувала Џорџ Клуни (57) и рекла дека тој е виновен за нејзината лоша кариера. Таа објаснила дека тој направил сè за да ја доведе на црната листа. Таа го споредила со “злоставувачи како продуцентот Харви Вајнштајн” и го нарекла „предатор”.

Како што пренесуваат странските медиуми, Ванеса била ментално болна поради целата ситуација. Клуни ги отфрлил сите обвинувања и рекол дека нема никаква врска со нејзината кариера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЧЕСТИТКИ: Сара Климоска во Берлин ја прими наградата „Европски актер во подем“

Македонската актерка Сара Климоска вчера во Берлин ја прими наградата „Европски актер“ во подем за …