(ВИДЕО) Еве зошто странците мислат дека Македонците се некултурни: Девојка седела на плажа а сите ја гледале поради ОДВРАТНАТА работа што ја правела!

Девојката која се сончала на плажата во Панталејмонас (позната како македонска камп колонија) во Грција, прдизвикл големо внимание, но не поради изгледот туку однесувањето.
Со шешир на главата, уживала на лежалка и правела нешто што останатите туристи ги згрозило.
Изгледа како сосема нормална сцена на плажа: прекрасно крајбрежје и тиркизно море во Пантелејмонас. Девојката била намачкана со масло за сончање, на главата имала шешир и уживала читајќи книга. Меѓутоа, причината за оваа снимка е во нешто сосема друго. Таа на плажата правела нешто што ги згрозило туристите и ги натерало да му покажат на целиот Балкан, како една дама се грижи за чистотата на природата и местото на коешто летува.
Еден од момците кои се нашле во близина, одлучил да ја снима дамата, додека грицкала семки од сончоглед, а лушпите ги фрлала директно во песокот. Таа грицкала и уживала, а целиот отпад завршил токму под нејзината нога.


На снимката може да се слушне дека се работи за “дама Македонка” и дека тоа го прави “веќе половина час”. Дури и момците кои ја направиле оваа снимка, се пошегувале дека девојката ќе го земе нивното место, бидејќи нејзиното е веќе валкано.
Меѓутоа, во коментарите под видеото, има такви кои остро ја нападнале девојката, затоа што намерно го загадувала просторот околу себе, но исто така имало и такви кои тврделе дека посојат и полоши прекршоци на плажа, од овој.
Многумина споменале флаши, лименки, пелени, како примери за поголемо ѓубре на плажата. Од друга страна, постојат луѓе кои тврдат дека без оглед на сѐ, не треба да снимаат некој без негово знаење и дозвола, бидејќи, што и да правела, има право на приватност. Во некои од коментарите се појавуваат и тврдења дека “сигурно станува збор за Србинка” и дека “ова е нешто што може да го направи само Балканец”.
Погледнете го видеото, па сами пресудете:


Gepostet von Zorica Vučić am Freitag, 31. August 2018


Оригиналното видео со коментари можете да ги видите на страницата Live from Greece.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МОМЕНТИ КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ЗАПОМНАТ – Прекрасните бебиња близнаци се „препознале“ по прв пат, нивните насмевки кажале се!

Иако понекогаш се караме со нашите браќа и сестри, таа љубов е огромна и значи …