(ФОТО) Мерцедес на смртта: Загинале во автомобил кој бил на отпад и не смеел да се вози

Автомобилот во кој животите ги загубија Дијана и Доди бил смртна стапица, но сите ги игнорирале предупредувањата
Мерцедес кој ја довел принцезата Дијана и Доди Фајед до смрт „бил опасен отпад кој не смеел да се вози на пат, но предупредувањето било игнорирано”. Тоа е шокантен детаљ за смртта на принцезата Дијана, која почина пред 21 година.
А предупредување дека автомобилот не е безбеден и дека со брзина поголема од 60 километри не е стабилен, дошло само два месеци пред фаталната несреќа во Париз на 31. август 1997 година.
Мерцедесот S280 на Дијана и Доди,и нивниот возач им бил обезбеден од хотелот „Риц”, сопственост на таткото на Доди, Мохамед Фајед, а автомобилот бил во сопственост на агенцијата Etoile Limousines, кои изнајмувале автомобили и возачи во Риц.


Мерцедес бил исклучително опасен, а на почетокот на истата година бил украден и учествувал во несреќа, во која неколку пати се превртувал. Автомобилот бил целосно уништен, но на изненадување на некои експерти, тие сепак го испратиле на поправка, наместо целосно да го повлечат од употреба.
Ова го кажа Паскал Ростен, фоторепортер од Париз, чиј пријател работел во тоа време во Риц, и тој му раскажал за целата афера со тој Мерцедес. Неговиот пријател бил возач во Риц и еднаш го возел тој Мерцедес во тест возење и забележал дека автомобилот не е сигурен и ги предупредил своите шефови.
“Мојот пријател, два месеца пред несреќата, директно му рекол на менаџерот на Риц дека мора да се ослободат од овој автомобил. Тој конкретно посочи дека автомобилот има големи проблеми при возење повеќе од 60 километри на час“.


Но, тоа не бил единствениот проблем со „прогонуваниот” Мерцедес. Тој бил купен во септември 1944. година за 85.000 фунти. Во јануари 1995. година, само четири месеци по купувањето, бил избоден со нож од затвореник кој бил условно пуштен н слобода и дивјчки го возел во предградијата на Париз. Тој го возел повеќе од 100. километри на час и неколку пати се превртел на патот.
Тогаш сопственикот на автомобилот добил надоместок од друштвото за осигурување, во речиси целиот износ во кој бил платен, бидејќи тие го сметале за нов автомобил, и со објаснување дека автомобилот бил непоправлив. Сопственикот на автомобилот, Ерик Буске, дури и побарал од осигурителната компанија да му го врати автомобилот за да ја поправи, но го одбиле и рекле дека автомобилот ќе биде небезбеден и опасен дури и’ по поправката.

Тука сега доаѓа најневеројатниот дел од приказната. Автомобилот бил прогласен за ѓубре и однесен на отпад, но бил пронајден од страна на некој механичар, кој го зеал, го поправил и го продал на Etoile Limousines. Нил Сигел, кој тогаш работел во агенцијата потоа изјавил дека за Мерцедесот платил 40.000 фунти, но одбил да ги коментира наводите дека автомобилот не е за возење.
Истрагата по смртта на Дијана не се фокусирала на мерцедесот во кој тие беа убиени, а само една осигурителна компанија направила тестови кои покажале дека автомобилот не смеел на пат и покрај тоа што бил поправен.

Во документарецот што наскоро ќе биде прикажан, соговорниците рекле дека биле прилично изненадени кога сфатиле дека француските и британските истражители не покажале интерес за историјата на тој Мерцедес кој завршил испокршен под Парискиот мост.
На крајот, возачот Хенри Пол бил прогласен за виновен затоа што ја изгубил контролата над возилото во тунелот Алма, изјавиле дека бил пијан и на антидепресиви и дека не можел да го контролира возилото додека бил прогонуван од фоторепортери. Исто така, како фактор кој беше еден од најважните за загинувањето, го навеле фактот дека Дијана не била врзана. Но, за Мерцедесот и фактот дека во еден момент истиот автомобил бил во отпад, никој не го спомнал или не дискутирал за ниту еден од овие податоци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …