(ВИДЕО+ФОТО) Премиера на филмот „Мејкинг оф“ на 6. септември: Ванчо Петрушевски во една од последните улоги!

Премиерата на првиот македонски филм во жанрот еротска комедија, „Мејкинг Оф“ ќе се одржи на 6. септември во 20.30 часот во кино салата Синеплекс. Во филмот, меѓу актерската екипа е и Ванчо Петрушевски, кој почина минатата недела.

Филмот е проект на продуцентската куќа „Аурипигмент“ од Скопје, а е работен според сценарио и режија на м-р Кузман Кузмановски. „Мејкинг оф“ ќе го продолжи својот прикажувачки живот по септември на редовниот репертоар во Синеплекс и низ кино салите низ Македонија.

Кинематографер на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички, Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков,Пирунка Киселички, Мартин Минговски.

„Мејкинг оф“ е интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм за Александар Македонски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Бил Гејтс ја примил првата доза на вакцина против коронавирус

Тој им се заблагодарил на сите на првата линија на одбраната Бил Гејтс ја примил …