????????????????????????????????????

Средба на министерот Адеми со учесници на Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“

Министерот за култура Асаф Адеми, денеска, во просториите на Министерството за култура оствари кратка средба со претставници на културно уметничкото друштво „Каршиака” кои се организатори на 12-тиот по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Скупи 2018″.

Станува збор за фестивал од ревијален карактер кој е дел од Годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес и на кој учествуваат фоклорни друштва од девет земји од регионот и светот: Мексико, Аргентина, Северен Кипар, Украина, Бугарија, Турција, Албанија, Косово и од Македонија. Во рамките на фестивалот учесниците кои се вистински репрезенти на фолклорот и традицијата на земјите од каде доаѓаат ќе одржат повеќе концерти и тоа денеска во општина Сарај и утре на плоштадот „Скендербег” во Скопје. На средбата министерот Адеми на присутните им врачи пригодни подароци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утревечер во МСУ се отвора меѓународната изложба „Гледај тука сум без простор” 

Во 20 часот, во трите галериски простори на Музејот на современата уметност – Скопје ќе …