Поезија од Стефан Марковски објавена во бугарско списание

Во новиот, 13-ти број на списанието „Нова социјална поезија“ (http://novasocialnapoezia.eu/) од Р. Бугарија е застапена поезија од македонскиот писател Стефан Марковски под наслов „Ветена земја“.

Поезијата на Марковски е во препев на поетот и преведувач Владимир Луков, член на раководството на Сојузот на слободните писатели на Бугарија. „Ветена земја“ претставува необјавено поетско дело на Марковски.
Покрај поезијата од Марковски, во изданието се застапени авторите: Венцислав Арнаудов, Владимир Раденков, Александар Николов, Владимир Сабоурин, Димитар Пејчев, Жан Оризе, Марко Видал и други.
„Нова социјална поезија“ е бугарско литературно списание кое опфаќа широк дијапазон области, вклучувајќи: поезија, проза, литературна критика, ликовна критика, есеистика и општествени теми.
Промоцијата на 13-от број од списанието е закажана на 9 септември во Софија, Р. Бугарија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Документацијата од „Струшки вечери на поезијата“ предадена на Државниот архив

Целокупната документација на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата, предадена во Државниот историски архив. …