(ФОТО) Каква кралица: Пинк прекинала концерт за да прегрне девојка на која и починала мајката

Пејачката Пинк го прекинала концертот, во понеделникот, за да ја прегрне девојката на која неодамна и починала мајката.

Девојката Лија Марфи и нејзината мајка планирале заедно да одат на концертот, но нејзината мајка починала пред да успеат да ја остварат својата желба. Девојката на концертот била донесена од нејзината тетка, Катрина Донкин, која и помогнала да направи постер на кој пишувало дека се надева оти пејачката ќе го види.

Донкин изјавила, за ABC, дека публиката направила простор за Лија да стигне до сцената. Пејачката ја држела Марфи во прегратка и како што девојчето плачело, Пинк и’ рекла дека се’ ќе биде добро.
Тоа бил многу емотивен момент за сите што биле на концертот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …