Убава приказна за почеток на денот: И’ кај нас сепак има добри луѓе!

Животот пишува разни приказни. Иако до нас најчесто допираат оние лошите, има и добри…
Ги има и оние кои ви создаваат топлина околу срцето, ви измамуваат насмевка и повторно ви го враќаат оптимизмот и вербата во луѓето…

Една таква приказна, на својот профил на Фејсбук, раскажа и Венци Трајков·
„Мајка ми вчера беше за Скопје на контрола во болница. Отиде со автобус за да се врати истиот ден. Во скопје некој и го украл новчаникот од ташна со се пари и со се повратен билет. Останала гладна цел ден и без билет да се врати назад.
Кога отишла на автобуска и му рекла на шоферот дека и го украле новчаникот, дека нема пари за карта и дека останала гладна цел ден, тој и рекол
– Нема проблем госпоѓо, качете се во автобус но пазете друг пат, се краде многу.
Отишол до продавница и купил кифла и шише вода
И покрај педерскиот свет, постојат луѓе фини, со разбирање со срце и душа“.
Искрената исповед пак наиде на низа коментари:„две крајности…или едното е нормално…ама дека се ненормално…поздрав до мама“,„Многу,многу сакам да прочитам за некоја убава работа. Ти ја оплеменува душата. Сепак има луѓе со срце и душа . Има но , ретко за нив се пишува“,„Бравос! Не очекував, ама алал да му е на шоферот“…

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес ја славиме Великомаченичка Ирина: Ова никако не смеете да го правите!

Македонската православна црква денес го одбележува споменот на Великомаченичката Ирина, сама легнала во гроб, а …