Познатите личности зборуваат за својот прв училишен ден

Првиот училишен ден е еден од највозбудливите денови од годината за дечињата, но и за нивните родители. Сите се подготвуваат за новите предизвици со многу емоции, возбуда, трема, среќа и разни очекувања…
Разговаравме со неколку македонски јавни личности и ги прашавме како тие ги поминале најубавите детски денови, се потсеќаа на првиот училишен ден, а на крајот ни дадоа и по некој совет за сите првачиња.
Ги вративме во времето кога биле првоодделенци, Ивица Маринковиќ (на јавноста познат како Ивце Пивце, омилениот детски водител на најмладите), Миа Костова (поранешна водителка и инфлуенсер на социјалните медиуми) и Елена Стојановска (радио и ТВ водител).


Елена: Првиот училишен ден иако беше одамна, сѐ уште го паметам, веројатно затоа што е навистина значаен момент во сечиј живот. Се сеќавам на подготовките, на новото фустанче кое го одбравме со мајка ми и на убавата детска врева во училишниот двор. Заедно со мене беа присутни сите членови на семејството кои гордо ме испратија во новите предизвици и најубавиот период во животот.
Миа: Тргнав во училиште еден месец пред да наполнам 7 години, 1990 година. Ме запишаа во основното училиште Коле Неделковски, каде се запишаа и сите другарки од маало. Ама како едно борбено дете си имав мака со една престрога учителка по математика па така цела една година беше вистинско измачување и за мене и за моите. Потоа ме префрлија во Песталоци, училиштето кое до ден денес ми ги носи најубавите спомени.
Ивце Пивце: Основно образование завршив во најубавото училиште во цел свет, тогашно „Иван Горан Ковачиќ“, во населбата Карпош 4. Се запишав на 6 години, се сеќавам како вчера да беше .
Низ смеа ни раскажаа по некоја интересна анегдота и сеќавање од училишните денови.
Миа: Секој ден ни беше авантура, и часот по географија на кој верувам дека секој ученик од Песталоци го памти, Чочов со анегдотите, „народна“ во школски за која доаѓавме и два часа пред часови за да ја изиграме, потоа бегањето од часови и криењето позади школски за по некоја беља…
Ивце Пивце: Со нетрпение чекав да дојде декември и да се дофатам до некој календар од новата (наредна) година. И веднаш гледав кога се паѓаат празниците и неработните денови. На радоста ѝ немаше крај ако 10 јуни се паѓа во недела а 1 септември во сабота. Веднаш се ќаруваа 4 дена. 
Елена: Имам многу убави сеќавања. Мојата генерација играше ластик и плочка на голем одмор. Имав прекрасни другарки со кои со задоволство се гледам и денес. Не се забораваат екскурзиите, заедничките патувања, првата симпатија. Не можам да издвојам посебна случка баш затоа што се поврзано со тој период ме потсетува на безгрижност и уживање.


Тие со нас споделија и по некој совет за првачињата:
Миа: Мислам дека треба да се трудат во училиште најдобро што можат, но да не ја забораваат и детската игра. Да не се плашат, затоа што токму од сега почнуваат да ги собираат најубавите спомени. Нека им е со среќа!
Ивце Пивце: Ееее, дојде време совети да давам… се остаре во меѓувреме… Но еве, еден совет за првачињата: Првачиња, бидете измиени и насмеани. Другото е лесно. Уживајте во школските денови! 
Елена: Се надевам дека наставниците ќе успеат да им пренесат многу знаење, но и дека ќе им дозволат сами да се развиваат и осознаваат. Би им посакала да им оди лесно, но и би истакнала дека најважно е да си осознаат што е она што најмногу го сакаат и во тоа да бидат најдобри. Првачиња, СРЕЌНО!
По повод стартот на новата учебна година и подготовките за првите училишни денови, периодов низ Скопје може да се видат многу шопинг понуди во трговските центри, попусти низ продавниците и настани интересни за дечињата. Од Скопје Сити Мол известија дека од овој викенд ќе започнат со „Back to school“ кампања за најмладите, настан исполнет со многу попусти, многу активности и игра каде што секој добива! После долгиот и опуштен летен распуст, враќањето на старите навики на учениците може да претставува вистинска потешкотија: домашни задачи, многу книги, рано будење, учење… Токму затоа, ваквиот тип на кампањи се одлични за полесен и свеж почеток на новата учебна година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …