(ФОТО) Најдобри изданија од црвниот тепих од доделувањето на наградите MTV VMA

Синоќа во Њујорк се одржа доделувањето на наградите “MTV VMA”. Очекувано, црвениот тепих го преплавија бројни познати ликови од светот на шоу бизнисот, кои за доделувањето на видео-музичките награди, се појавија во гламурозни изданија.
Меѓутоа, од славните дами, особено воодушевија Џенфиер Лопез и Карди Би, кои исто така и настапија на доделувањето, а во продолжение ви издвоивме и неколку изданија за паметење:

Џенифер Лопез, дословно заблеска во сребрена тоалета на “Versace” и сандали со платформа, во истата боја.

Карди Би ја покажа својата заносна фигура, само еден месец после породувањето, во металик-виолетова тоалета, со потпис на Nicolas Jebran, кој исто така го искомбинирала со иста боја високи потпетици.

Русокосата Кајли Џенер, на доделувањето се појавила во бел сако-фустан со ремен, од дизајнерот Tom Ford, и истобојни сандали со украсни камења.

Тинејџерската ѕвезда, Мили Боби Браун, се одлучила за црн, елегантен комбинезон со потпис на Rosie Assoulin, а на нозете носела проѕирни штикли.

Манекенката Карли Клос, блеснала во сребрена, металик тоалета, со златни детали, кои ги искомбинирала со сандали.

Пејачката Камила Кабело, носела раскошна, сина, балон тоалета со долен бел дел, од модната куќа “Oscar de la Renta”, која ја искомбинирала со сребрени сандали.

Манекенката Вини Харлоу, воодушевила со проѕирната тоалета со реси и светкави камења, од дизајнерот Zuhair Murad, и исто така носела сребрени сандали.

Проѕирна тоалета носела и пејачката Рита Ора, а на неа се потпишува модната куќа “Jean Paul Gaultier”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за вторник, 25.09.2018:Вие не сакате да бидете со некој кој не може да зборува убаво или да нема харизма, затоа почесто излегувајте…

Овенот ги исплаќа долговите, Бикот планира, Близнакот вљубен, Ракот го привлекуваат Скорпија и Јарец, Лавот …