Откриено која храна го намалува ризикот од рак на дебелото црево

Британските научници утврдиле како некој вид на зеленчук,меѓу кои особено оние од семејството на зелка, го намалуваат ризикот од развојот на колоректален карцином, а резултатите беа објавени во списанието Immunity.
Од порано е познато дека зелениот зеленчук (зелка, кељ, карфиол,брокули) се многу добри за здраво функционирање на дебелото црево, но досега не е детално објаснет зошто.
На истражувањето се посветила група научници од Британскиот институт „Френсис Крик“. Тие откриле анти-канцерогени хемикалии во споевите кои се ослободуваат додека зеленчукот се вари во дебелото црево.

Студијата била спроведена на лабораториски глувчиња и се фокусирале на тоа „зелкастите“ ја менуваат или обновуваат слузната мембрана на дебелото црево,што е процес кој трае помеѓу четири и пет дена.
Но, за тоа постојано обновување на мембраната, која помага во апсорпција на хранливи материи и вода, клучни се хемиски соединенија содржани во зелениот зеленчук.
Научниците го истражувале хемиското соединение познато како индол-3- карбинол, кој се ослободува додека жвакаме малку брокула, кељ,зелка ….
Научничката д-р. Гита Стингер, која учествувала во студијата советува дека “зелен листестиот зеленчук не треба да се преварува пред комзумацијата бидејќи ќе ги изгуби корисни антиоксидантни состојки“. Таа објаснила дека киселината во дебелото црево ја модифицира индол-3-карбинол, додека таа хемиска супстанца го продолжува “патувањето” во дигестивниот систем и дека индолите деактивираат силни естрогени кои го промовираат растот на туморот.

Студијата покажала дека индо-богатата храна ги заштитила глувците од развојот на клетките на ракот, дури и оние кои по претходни извршените генетски анализи биле во групата со висок ризик развој рак.
„Дури и откако туморот почна да се развива кај некои глувци, ние почнавме со примена на соодветен режим на исхрана богат со зелен зеленчук,туморската прогресија беше запрена”, вели д-р Стингер,
додавајќи дека ова е голема причина за оптимизам.
И самата таа, го намалила дневниот внос на месо консумирано и го заменила со разновиден зеленчук, особено зелкаст.

„Студијата кај глувците сугерира дека со намалување на ризикот од развој на ракот на дебелото црево не влијаат само влакната содржани во зелкастиот зеленчук,но исто така се важни и молекулите откриени во нив. Понатамошни студии ќе ни помогнат да се открие дали овие молекули делуваат подеднакво на човечкиот дигестивен систем, но во меѓувреме има многу добри причини да го зголемуваме количеството на зеленчук во исхраната”, заклучи професорот Тим Ки од Британски институт за истражување на ракот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Оро среде Егејска (Беломорска) Македонија: Не има насекаде и се играат македонски ора

Егејска Македонија, позната и како Беломорска Македонија, Приморска Македонија, Јужна Македонија, Грчка Македонија или Македонија …