Денеска е спомен на Преподобниот маченик Дометиј: Преку постот до совршенство за исцелување

Роден е во Персија како незнабожец, во времето на царот Константин. Како момче се запозна со верата Христова, го остави незнабоштвото и се крсти. Толку ја засака вистинската вера, што напушти се светско и се замонаши во еден манастир кај градот Нисивија. Во братството поживеа некое време, па се оддалечи на безмолвие кај некој архимандрит Нурвел, за кого се вели дека шеесет години не јадел ништо варено. Старецот Нурвел го заѓакони, па кога сакаше да го принуди и во чин на свештеник, Дометиј побегна во некоја пустинска гора и се насели во една пештера. Достигна толкаво совршенство низ постот, молитвата, бдението и богомислието, што исцелуваше болни. Кога во тие предели дојде Јулијан Отстапник, слушна за Дометиј, па испрати луѓе коишто го заѕидаа жив во пештерата заедно со неговите двајца ученици. Така заврши овој Божји Светител во 363 година и се пресели во Божјото Царство.

Преподобен Пимен Многуболезнен
Од малечок болежлив и од малечок желен за монашки живот. Во Печерската лавра го донесоа заради исцеление, но тој остана таму до смртта. Повеќе Му се молеше на Бога за болест одошто за здравје. Ноќе му се јавија ангели и го потстрижаа за монах. Тогаш му рекоа дека ќе боледува до смртта и дека пред да умре ќе оздрави. Така и стана. Дваесет години лежеше на постела. Правеше големи чуда за време на животот и беше голем проѕорливец. Пред смртта стана од постелата наполно здрав и веднаш почна да си подготвува гроб. Се упокои во Господ во 1110 година.

Светите маченици Марин и Астериј
Првиот беше војник, а вториот римски сенатор. Во времето на царот Галиен Свети Марин служеше како војник во Кесарија Палестинска. Заради верата во Христа беше убиен со меч. На неговото страдање присуствуваше сенаторот Астериј, којшто беше христијанин. Тој ја симна од себе својата долама, го обвитка телото на маченикот, го зеде на рамо, го однесе и чесно го погреба. Кога го видоа тоа незнабожците го убија и него со меч. Чесно пострадаа за Христа во 260 година.

Преподобен Антониј оптински
Антониј (Путилов), игумен, (1795-1865) – брат и соподвижник на архимандритот Мојсеј, смирен подвижник и молитвеник кој през целиот свој живот трпеливо и мажествено го носел крстот на телесните болести. Бил духовен раководител на скитот 14 години. Пишаните поуки на старецот се прекрасен плод на отечка љубов и дар на поучително слово.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Денес е спомен на Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски: Пример за победување на верата и покрај сите маки!

Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на …