(ФОТО) Мастерс Синсинати – финале:Новак за историја, Федерер ја брани преостанатата тврдина!

Едно од најголемите ривалства во тениската историја во Синсинати ќе има 46-то продолжение. Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер ќе се сретнат во финалето на овој мастерс, за првпат по две и пол години.
После голема борба, три сета и два и пол часа на теренот Новак Ѓоковиќ се пласираше во новото, шеста финале на Мастерсот во Синсинати.
Ѓоковиќ славеше со 6:4, 3:6, 6:3, а во финалето ќе игра против Роџер Федерер кому Давид Гофан, во второто полуфинале, при резултат 1:0 и 1:1, поради повреда, му го предаде мечот.
За најдобриот српски тенисер овој турнир има практично митско значење. Тој е единствениот меѓу деветтемина Мастерси во ова време што Ѓоковиќ не успеал да ги освои. Дури пет пати бил во финалете и секој пат губел. Тој добил шеста шанса а негов противник ќе биде човекот кој најмногу пати триумфирал во Охајо – седум пати.

Роџер Федерер е апсолутен владетел на Синсинати. Тој одигра седум финалиња и ги освои сите седум и е единствениот тенисер кој имал седум трофеи на последниот Мастерс пред познатиот УС Опен. Од овие седум пати тој трипати го победил Ѓоковиќ, со кого ќе игра за осмата титула. Во исто време, ова е единствениот турнир на кој двајцата од најдобри тројца тенисери на денешницата одиграле финале а Ѓоковиќ никогаш не успеа да го порази Федерер.
Во финалето на овој турнир, Швајцарецот го оствари последниот елиминациски триумф над Ѓоковиќ пред три години (после тоа успеал да го победи во групата во завршниот Мастерс, но на истиот турнир, Ѓоковиќ му се реванширал во финалето истата година). После тоа Ѓоковиќ го победил Федерер во финалето на финалето на завршниот Мастерс, како и во полуфиналето на Австралија опен 2016. а пред тоа во меч во Синсинати во 2015. годин.
Ѓоковиќ врза три победи и тоа во три финалиња, два мајстерси и на Вимблдон. Ако ги погледнете најважните натпревари, а тоа се средби на Грен слемови и мастерси, Ѓоковиќ од поразот во полуфиналето на Вимблдон во 2012 со Федерер одиграл вкупно 17. натпревари, четири на Грен слем, осум на мастерси и пет на завршниот мастерс. Ѓоковиќ славеше 12. пати, а Федерер само пет, од што два пати во финалето на Синсинати. Една победа забележал во групата на финалниот мастерс група и две победи во 2014. година на мастерсите во Монте Карло и Шангај.

Токму благодарение на оваа серија, Ѓоковиќ успеа да стигне до подобар взаемен резултат во однос на големиот ривал (во моментов 23:22), но она што се гледа со голо око е дека до Австралија Опен 2016 година, Новак доминирал во натпреварите од најголемо значење.Практично изгледало дека Федерер не може никако да го победи. А, потоа се случи пад по освојувњето на Ролан Гарос во 2016. година и Новак Ѓоковиќ ја освои првата голема титула во Вимблдон оваа година. За тоа време, Федерер се врати на победничката патека, од 2012. година за прв пат успеа да освои Грен слем во 2017. година, па дури во еден момент се врати и на првото место.
Сепак, останува фактот дека тој не играл против Новак Ѓоковиќ во тој период, па затоа немал можност да покаже дали навистина ја вратил шампионската форма во последните две години, или само користел сплет на околности и имал среќа што не играл против противникот кој последниве години редовно го победувал. Главно насекаде. Освен во Синсинати.

Поради сето тоа дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Федерер во финалето на Синсинати ќе има скоро важност на Грен слем. Секако дека Ѓоковиќ и во досегашниот тек на турнирот покажал дека силно го сака овој трофеј и дека ќе направи се’ што е можно за да го освои.
И’ покрај големиот мотив ќе има и исклучителен притисок. Од друга страна на Швјцарецот конечно му се пружа прилика да го победи големиот ривал во мечот кој има навистина големо значење и на тој начин да покаже дека за неговото чудесно врќање не е заслужен само Ѓоковиќ и неговиот кризен период.
Директниот пренос од финалето во Синсинати ќе можете да го следите од 22. часот на Спорт клуб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО Галерија) Неверојатна приказна: Била во врска со ученик (12), завршила во затвор, па му родила деца…И’, уште се заедно!

Мери Кеј Летурно била наставничка во шесто оделение во Сиетл кога е уапсена поради силување …