Мастерс Синсинати: Вавринка го намачи Федерер – Роџер со пресврт до полуфиналето

Роџер Федерер со доста маки се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Федерер во швајцарското дерби го совлада Стен Вавринка после пресврт со 6:7 (2), 7:6 (8), 6:2.
За речиси два и пол часа, Вавринка немаше ниту една брејк шанса, но одлично ги спасуваше оние на Федерер и на тој начин избори два тајбрека.
Првиот го доби со два последователни брејка за 4:1, додека во вториот, Федерер после жестока борба успеа да го „скрши“ ривалот на 7:6.
Конечно, во третиот сет, по седум пропуштени брејк шанси, Федерер успеа двапати да го одземе сервисот на Вавринки и дефинитивно да го „скрши“ мечот.
Иако немаше дожд, мечот беше прекинат на почетокот на третиот сет поради силни грмотевици. После куса пауза тенисерите се вратија на теренот за да Федерер, експресно, го освои третиот сет и мечот.
Федерер во полуфиналето на Синсинати го чека Белгијанецот Давид Гофан кој го совлада дел Потро. Во другото полуфинале играат Новал Ѓоковиќ и Марин Чилиќ од 20.25 часот, додека дуелот помеѓу Федерер и Гофан е еден час после полноќ, секако со директен пренос на Спорт клуб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за вторник, 25.09.2018:Вие не сакате да бидете со некој кој не може да зборува убаво или да нема харизма, затоа почесто излегувајте…

Овенот ги исплаќа долговите, Бикот планира, Близнакот вљубен, Ракот го привлекуваат Скорпија и Јарец, Лавот …