(ВИДЕО) „Пеперутка“ како римејк со новите ѕвезди Рами Малек и Чарли Ханам

Да се сними филмот „Пеперутка“ во кој култни улоги остварија Стив Мек Квин и Дастин Хофмн, сигурно нема да биде лесно, но најтешко ќе им биде на Рами Малек и Чарли Ханам кои ќе ги играат главните ликови…посебно што секој нивен миг ќе биде споредуван со оригиналот…

Тематиката бегство од затвор вечно ќе биде популарна во кинематографијата. Овој пат Рами Малек и Чарли Ханам заедно го кројат планот за најдоброто бегство некогаш направено во ексклузивниот видео клип за новото филмско остварување Papillon.
Ханам, кој го гледавме во ТВ серијата “Sons of Anarchy”, ја игра улогата на Хенри Папилон Шриер, крадец кој е испратен во казнената колонија на Ѓаволскиот остров, откако го наместиле за убиство. Оваа улога е нова адаптација од онаа од 1973. година која ја толкуваше Стив Меквин.

Сижето на овој филм а исто како и на оригиналот – „На бродот кој се движи кон Јужна Америка, Папилон создава алијанса со срамежлив фалсификатор на пари, Луис Диего, кој е осуден на доживотна казна поради произведување на лажни обврзници. Тогаш, Папилон му приоѓа и му го соопштува својот совршен план: тој ќе го заштити Диего и парите кои ги сокрил, доколку му помогне да побегне…“. Улогата на фалсификатор последниот пат му беше доделена на Дастин Хофман, додека во новото остварување улогата ќе ја толкува Рами Малек, кого наскоро ќе го видиме како Фреди Меркјури во претстојниот биографски филм Bohemian Rhapsody.

Овој филм ќе се снима според двете автобиографии кои ги напиша Хенри Папилон Шриер. Книгите биле основа и за филмот во 70 години, додека новата адаптација ќе ја режира Мајкл Ноер, а во кино салите треба да се прикажува на 24. август.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Не напушти уште една легенда: Почина Бранка Станковска

Легендарната радио и тв спикерка и водителка, Бранка Станковска, која имаше 90 години, почина денеска …