(ФОТО) Планот на Меланија за развод од Доналд Трамп:Нова книга за намерите на првата дама на САД

Новата книга на поранешната вработена во Белата куќа открила дека Меланија со нејзиниот моден стил го казнува својот сопруг и испраќа пораки до него…
Првата дама на Америка и нејзините контроверзни модни избори се всушност порака до нејзиниот сопруг и со нив сака да го вознемири. Така барем тврди Омарос Њуман Маниголт, поранешна вработена во Белата куќа, во нејзината нова книга. Со нејзиниот избор на облека таа всушност го „казнува” Трамп.
И’ додека портпаролот на Меланија негираше дека сопругата на Трамп испраќа скриени пораки со нејзината облека, се чини дека тоа сепак не е така.
Последен пат таа ја фрпирала јавноста во јуни кога отпатувала за Тексас да ги посети камповите каде што децата на мигрантите беа одвоени од нивните родители. Таквата постапка од страна на властите на САД против илегалните имигранти го скандализира светот кој го осуди Трамп за овој потег.


За ова патување, Меланија ја носеше јакната на „Зара” која чини 39. долари, а кога се врати на аеродромот, таа на собраните фотографи им го свртела грбот пред да влезе во авионот и се видела пораката што била на грбот. “‘I Really don’t care, do U?”, Или „Не ми е гајле, а вам?”.
Омарос тврди дека Меланија ја избрала токму таа јакна бидејќи била нејзин последен чин на бунт против нејзиниот сопруг и затаоа што ја повредил.
“Мислам дека Меланија беше принудена да оди на тоа патување тој ден за да ги избрише нередот што го остави Трамп и неговата бесчувствителна администрација. Таа ја носеше оваа јакна за да обрне внимание на неговата контроверзна одлука, како и на нечувствителноста на администрацијата”, смета поранешната соработничка на Трамп.

“Ја облекла таа јакна и, за да го минира патувањето на кое мораше да оди за да ја разубави сликата за Трамп, па затоа им испрати порака на оние што ја испратија на пат, никогаш да не им падне на памет од неа да бараат такво нешто”, вели Омароса.
“Не затоа што Меланија не сочувствува со тие деца, убедена сум дека и тоа како сочувствува. Таа го стори тоа само за да покаже како одлуките на нејзиниот сопруг се глупави”.
Омароса тврди дека Меланија намерно поттикнува „бунтовен моден стил” со што намерно го провоцира откако Трамп влегол во претседателската кампања и станал претседател.
“Мелани ја студираше модата и многу е освестена кога станува збор за облеката. Таа многу добро знае дека нејзината облека ќе биде коментирана и детално проучувана секогаш кога ќе се појави во јавност”, вели Омарос, а пренесува Daily Mail.


“Зошто ја облече ‘pussy bow’ на Гучи – розова блуза веднаш по скандалот „Access Hollywood”, кога е пуштена снимка од емисија во која Трамп рекол дека “кога сте ѕвезда, жените ќе ви ги дозволат се, дури и да ги фатат за пи*** (pussy)”, пишува Омароса во нејзината книга, докажувајќи дека Меланија точно знае што прави и какви пораки испраќа до нејзиниот сопруг.
“Дали таа случајно носеше бел костум каков што носеше Хилари Клинтон токму на денот на годишнаото обраќање на Трамп во Конгресот? Нејзините модни пораки не се секогаш јасни, но секако не се случајни”, вели авторката во нејзината книга.
Општо земено, нејзините бунтови во моден стил всушност имале една единствена цел – пренасочување на вниманието и залажување – стратегии кои нејзиниот сопруг многу добро ги користи. Затоа мислам дека Меланија избира облека за да го казни својот сопруг.

Омароса, кој ја напуштила Белата куќа во декември минатата година, открива експлозивни детали од времето кога работела како асистент на Трамп и директор за комуникации во Канцеларијата за односи со јавноста.
Во нејзината книга, таа тврди дека Меланија Трамп едвај чека маж и да му стави крај на мандатот за да може да се разведе од него.
“Според мое мислење, Меланија ја брои секоја минута до крајот на неговиот мандат, бидејќи сака да се разведе”, пишува Манигод Њуман, но не и единствената кој го пишува тоа.

Разводот на Трамп и Меланија е тема на уште една книга објавена оваа година, „Fire and Fury: Inside The Trump While House”, напишана од Мајкл Волф, кој тврди дека брачната двојка веќе не ја дели ниту спалната соба.
Портпаролката на Мелани, Стефани Гришам, рече дека првата дама била разочарана од натписите.
“Г-ѓа Трамп ретко, ако и воопшто дошла во контакт со Омараса. Таа е разочарана што се осветува на таков себичен начин, особено по сите можности што и ги давал претседателот”, изјавила Гришам за Newsweek, кој ја објавил книгата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …