(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ ја мина првата пречка во Синсинати, но имаше неочекуван напад од еден „немирко“!

Во Синсинати, тенисерите имаат сериозни проблеми. Една голема пеперутка пречеше на мечот помеѓу Пуи и Мареј, после што еден собирач на топки некако ја зема и отстрани од теренот, а Новак Ѓоковиќ имаше блиска средба со штурец…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ полека ја враќа старата форма, а рано утрово ја совлада и првата пречка на Мастерсот во Синсинати откако со 2:0 го совлада Џонсон.
Сепак, и покрај тоа што и двајцата тенисери понудија интересна партија, она што ќе остане запаметено од овој натпревар е неочекуваниот „напад“ врз Ѓоковиќ во вториот сет.
Имено, еден штурец беше на половината на Џонсон, но овој го избрка со својот рекет, а инсектот слета директно на ногата на Ѓоковиќ.
Снимката од овој момент веднаш го обиколи светот, а малечкиот инсект кој неповикан се најде на овој натпревар предизвика големи симпатии кај публиката.

Иако делува безопасно сепак штурецот беше причина Новак да се деконцентрира, но подоцна се созема и покрај 7. неискористените меч топки сепак го приведе мечот кон крај.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …