Утре почнува Богородичниот пост: Најкраток е, но еден од најстрогите – ова се правилата

Годината на секој православен христијанин ја одбележуваат 4. големи поста: велигденскиот, божиќниот, постот на светите апостоли и богородичниот.
Утре почнува богородичниот кој е посветен на духовната подготовка во очи празникот Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица. Еве по што се истакнува.
Богородичниот пост трае од 14. до 28. август. Најкраток е од четирите големи постови, но и построг од божиќниот и апостолскиот. Поради големото почитување кон Пресвета Богородица верниците овој пост го постат како и Големиот пост.

Тоа значи дека сите денови се пости на вода, освен сабота и недела, кога е дозволено да се користи зејтин и вино, а за празникот Преображение (19. август), кој паѓа во време на овој пост, се јаде и риба.
Важно е да се знае дека ако Голема Богородица падне во среда и петок, тој ден не се мрси, туку се јаде риба, вино и зејтин.
Во нашиот народ постои обичај грозје да не се јаде до Преобрежение , кога во црквите се дели на народот.
Празникот Голема Богородица се смета за празник на жените и мајките.
Постот пред Голема Богородица востановен е како би се сеќавале сите на Пресвета Богородица и би и се молеле.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПРИЈАВЕНИ СЕ 29. ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денес се регистрирани 561. нов случај на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …