(ФОТО) Шокантно интервју: Таткото на Меган Маркл си ја отворил душата: Го излажав принцот Хари а зетот ми откри зошто сите ќе завршат во солзи!

Томас Маркл во последното интервју си ја отворил својата душа и открил дека што не послушал важен совет од принцот Хари.
Таткото на Војвотката Меган Маркл, признал во интервју за Дејли мејл дека му спуштил слушалка на принцот Хари, кога го обвинил и го критикувал за местење на папарацо фотографите.
Тој изјавил дека бил вознемирен од “тиранијата” на Хари и дека во тоа време се опоравувал од срцевиот удар по напуштањето на болницата. Тој рекол дека иако Хари во тоа време бил апсолутно во право, смета дека го повикал во погрешно и несоодветно време.
Во досега најголемото интервју Томас Маркл, меѓу останатото, признал и дека го лажел Хари кога му рекол дека не соработувал со папараците. Додал и дека ова е негово последно интервју и открил уште неколку до сега непознати факти.

“Планирам да го напуштам Мексико и да се преселам некаде каде што никој не ме познава и каде што никој нема да ме најде. Не сакам за мене да се измислуваат приказни.Сакам повторно да го живеам мојот стар, здодевен живот”, рекол Томас.
Тој признал дека многу го повредило кога Меган му рекла дека на свадбата нема да има време за неговиот говор. Тој тврди дека приказните за зближување со кралската двојка се неточни, бидејќи веќе се месеци не се во контакт и дека не му е грижа за кралското семејство.

Иако никогаш не се сретнале, Томас тврди дека тој и Хари биле во топли и пријателски телефонски разговори, откако Меган му открила дека се во врска. Меѓу другото, тие зборувале за контроверзната тема на папараците и се согласиле дека треба да ги избегнува по секоја цена во јавност особено сега кога се дознало за нивната врска.
“Хари тогаш ми рече никогаш да не разговарам со новинарите. Дека се на крај ќе заврши со солзи и дека ќе ме изедат жив. Тој беше во право”, признал Томас.

Меѓутоа, наместо да го послуша, Томас тајно договарил продажба на фотографија чија вредност е проценета на 100.000 фунти,што тој денес не може да си го прости. Да потсетиме, Томас Маркл се нашол на насловните страни на светските медиуми, откако го откажа пристигнувањето на свадбата на неговата ќерка, велејќи дека се опоравува од срцев удар како причина.
Неговата шокантна одлука бил објавена само еден ден откако е откриено дека на папараците им продал фотографии.

По повод последното интервју на Томас Маркл, британското кралско
семејството се уште не се огласило, но неофицијално се дознава дека тоа ја збеснало Меган, но и целата кралска куќа. Само неколку дена откако британските и светските медиуми објавија дека Меган, има намера да го посети својот татко и да се смири со него и да воспостави нормална врска, тој е со ова интервју се чини дека оваа можност ја сосекол во корен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Топ 10. намирници за хидратација во летните жештини

Првото нешто на што помислувате во топлите летни денови е чаша ладна вода. И не …