(ФОТО) Мастрес Торонто – финале: Каков подарок ќе му врачи Надал на Циципас за 20. роденден?

Во денешното финале на Мастерсот 1000 во Торонто ќе се сретнат Рафаел Надал кој ќе го задржи првото место на АТП листата и 27. во светот – младиот Грк – Стефанос Циципас кој денес го слави 20. роденден…

“Важно е да се победи секој натпревар, важно е што сум во финалето во Торонто, секој ден сум многу мотивиран, секогаш имам место за подобрување и сигурен сум дека можам да играм уште подобар тенис. Сакам да бидам што подолго на највисоко ниво”, рече Надал.
Нговр ривал во борбата за 32. Мастерс титул ќе биде 20. годишниот Грк, Стефанос Циципас.
“Тој е комплетен тенисер, тој не поседува само една добра карактеристика, тој има сè, покажува и голема страст за играта”, заклучил Надал.


Младиот Грк, 27-тиот играч во светот, во полуфиналето од Купот на Роџерс го порази Кевин Андерсон со 2:1 во сетови. Ова го направи најмлад тенисер кој победи четири тенисери од ТОП 10 во низа, бидејќи претходно беше подобар од Доминик Тим, Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.
“Играњето во финалето на Мастерс е најдоброто нешто што можеше да ми се случи за роденденот. Не можам да поверувам што се случи, не ни помислив дека ќе победам четири од топ 10 на еден турнир”, рече Чиципас, кој денеска (недела, 12.август) ќе наполни 20 години .
Финалето се игра денеска од 22. часот со директен пренос на Спорт клуб 1.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …