Стефан Марковски на книжевна резиденција во Шпанија

Македонскиот писател Стефан Марковски е македонски претставник на годинешното издание на програмата Other wordsво шпанскиот град Сан Себастијан во периодот од 10 август до 1 октомври.

Во рамки на резиденцијалниот престој, Марковски ќе го претстави своето творештво пред баскиската публика и ќе создаде кратко книжевно-уметничко дело кое ќе биде преведено и објавено на неколку европски јазици.
Целите на програмата Other words се состојат во промоција на соработката помеѓу авторите и книжевностите од различни јазични средини од релативно помал и регионален карактер.
Стефан Марковски е наградуван современ македонски писател, поет, сценарист и филозоф, автор на романи, збирки раскази, поетски книги, филозофско-есеистички дела и сценарија.
Неговите дела се објавени на неколку јазици. Главен и одговорен уредник е на литературното списание „Современост“ и е уредник на поетските збирки „Метрички карван“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Костадиновска-Стојчевска во Рим на концерт на тенорот Благој Нацоски во чест на светите браќа Кирил и Методиј

„За Кирил и Методиј е запишано дека биле векови пред своето време. Затоа и чествувањето …