(ФОТО) АТП Мастерс Торонто: Ден за настап на Ѓоковиќ, Надал, Вавринка, Чилиќ и младите Зверев, Циципас,Медведев…

Денеска во Торонто се играат мечевите од осминафиналето, а меѓу нив настапи ќе имаат скоро сите од најдобрите десетмина според ранкингот…

Уште една млада надеж за светскиот тенис блесна во Канада, Денис Шаповалов го порази многу поискусниот Фабио Фоњини со 6: 3 и 7: 5 и влезе во најдобрите 16. каде ќе игра против Робин Хасе, кој исто така беше во два сета подобар од Михаил Јужни .


Ѓоковиќ го елиминираше домашниот тенисер, Полански, со 6:3, 6:4, а вечерва го очекува дуелот со младиот Грк, Стефанос Циципас.


Карен Хачанов го елиминира Пабло Каренја Буста и ќе се сретне со Џон Изнер. Американецот го победи Пјер Ига Ербера.
Домашниот адут Милош Раониќ го заврши своето учество во Торонто, со тоа што од него подобар беше Френсис Тиафо, добивајќи го одлучувачки сет со 6: 1.

Актуелниот шампион Александар Зверев беше успешен против квалификантот Бредли Клан, и двата сета ги доби со 6: 4. Диего Шварцман го порази Сем Квери со 2: 1 и закажа дуел со Марин Чилиќ.
Поголем отпор се очекуваше на Пера на бетон, но Шпанецот, Рафаел Надал, релативно лесно стигна до триумф, прв во најголемиот канадски град од 2010. година, 6:3,6:2.
Во осмина финалето, го чека стариот ривал Стен Вавринка, кој успеа да го порази унгарскиот тенисер Мартон Фуковиќ по навистина голема борба.
Тој го загуби првиот сет со убедливи 6: 1, за да ги освои следните две со 7: 2 и 12:10.

Денеска се играт мечевите од осминафиналето, а ќе се сретнат:

Григор Димитров – Франсес Тифо
Стефанос Циципас – Новак Ѓоковиќ
Даниел Медведев – Александер Зверев
Робин Хасе – Денис Шаповалов
Рафаел Надал – Стен Вавринка
Кевин Андерсон – Илја Ивашка
Карен Качанов – Џон Ишнер
Диего Шварцман – Марин Чилиќ
Директни преноси од мечевите можете да следите на каналите на Спорт клуб, со почеток од 17. часот, доколку не врне,се разбира.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …