Во четврток се слави исцелувачот и чудотворец Свети Пантелејмон: Зошто на тој ден треба да започнете бизнис или одите на патување?

Свети Пантелејмон се родил во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Во младоста ја изучи лекарската вештина. Подоцна поверува во Христа и се крсти. Господ му имаше дадено голема благодат да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва. Така излечи и еден слепец од кого сите лекари веќе беа дигнале раце. А тоа ги побуди истиве, поради нивната завист, да го обвинат пред властите како христијанин. Свети Пантелејмон беше ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво. Тој клекна на колена, се помоли на Бога, а потоа му беше отсечена главата. Пострада во 304. година. Чудотворец во текот на животот, тој продолжи да исцелува и преку неговите свети мошти кои се зачуваа.

Доколку планирате да започнете некаков бизнис, во четврток е вистинскиот ден за тоа. Се верува дека секое започнување со работа на Свети Пантелејмон е благословено и ќе ве направи успешни.
Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете токму на овој ден.
Свети Пантелејмон бил голем патник, а денес е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом.
Доколку на овој ден во црква се сретнат две непознати лица кои денешниот ден го слават како куќна слава, веднаш треба да си честитаат и прегрнат, бидејќи се верува дека се роднини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …