(ФОТО) Мастерс 1.000 – Торонто: Пер и Надал, Полански го чека Ѓоковиќ, Вердаско и Димитров, но и Вавринка и Киргиос, Борна Чориќ и Марин Чилиќ…

Во Торонто започна „Роџерс Куп“ – Мастерс 1.000 што ќе претставува увид во формата на најдобрите тенисери во светот пред последниот Грен слем во сезоната – УСА Опен.
Пласман во второто коло на АТП турнирот во Торонто остварија Беноа Пер,Питер Полански, Илија Ивашка, Фернандо Вердаско и Мартон Фучовиќ.
Французинот Беноа Пер славеше против Џаред Доналдсон и закажа средба со Рафаел Надал.Полански до своето мсто во второто коло стаса после победата над Метју Ебден.Негов нареден противник ќе биде подобриот од дуелот Хјеон Чонг и Новак Ѓоковиќ.

Белорускиот тенсиер Илја Ивашка го победи Јапонцот Сугита а наредниот противник ќе го добие од дуелот помеѓу среќниот губитник Мекдонлд и квалификантот Харисон.
Фернандо Вердаско го надиграл Петар Гојовчик и во второто коло ќе игра против Григор Димитров.
Марто Фучовиќ бил подобар од Жоао Соуса и во наредното коло ќе игра против Вавринка или Киргиос.

Денеска на програмата се останатите мечеви од првото коло во кои ќе се сретнат Стен Вавринка и Ник Киргиос,Хјеон Чунг и Новак Ѓоковиќ, Алиасим и Лукас Пул, Жереми Шарди и Денис Шаповалов, и хрватското дерби помеѓу Борна Чориќ и Марин Чилиќ.
Мечевите од Торонто можете, секој ден, да ги следите на каналите на Спорт клуб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЕМОТИВНА ЧЕСТИТКА: Бергузар Корел за 11. годишнина на бракот открила што му посакува на Халит!

Брачниот пар Халит Ергенц и Бергузар Корел ги освоија срцата на публиката во Македонија со …