(ФОТО) Кевин Андерсон: „Одлично е да се има Новак на своја страна“

Јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон неодамна,во финалето на Вимблдон, беше поразен од Новак Ѓоковиќ, а во првиот натпревар по тринеделниот пауза неговиот партнер беше токму најдобриот српски играч.
Андерсон и Ѓоковиќ, во првиот круг од Мастерсот во Торонто во конкуренција на двојки, ги победија домашните преставници, Денис Шаповалов и Феликс Озеј Елијас,и амбициозно ги најавија дуелите во сингл конкуренција.
Шестиот играч на светот, после триумфот на Твитер порачал дека е прекрасно да се игра кога на своја страна го имате Ѓоковиќ.

Набргу се огласил и српскиот ас кој смислил и нов хаштаг #Djokerson

Србинот и Јужнофриканецот во второто коло ќе се сретнат со Ербер и Мау.
Ѓоковиќ денес (вторник) не пред 19. часот, во првото коло на Мастерост во Торонто ќе се сретне со Хјеонг Чунг, додека Андерсон бил слободен и го чека подобриот од дуелот помеѓу Донској и Рубљев.
Дуелите од Канада можете да ги следите на каналите на Спорт клуб, од 17. часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Будвигов крем: Појадок кој спречува појава на бројни болести

Германската биохемичарка Јохана Будвиг открила начин за откривање на маснотии во крвта, ја сфатила важноста …