(ФОТО) Нови детали за смртта на принцезата:„На нејзиното тело немаше крв“

Минале 20. години од трагичната смрт на принцезата Дијана во сообраќајната несреќа во Париз. Во своето прво интервју од тогаш, пожарникарот, кој се обидел да и го спаси животот на принцезата, открил непознати детали за нејзината смрт.
Ксавиер Гурмелон, кој работел 22. години во пожарникарска служба, решил за британски „The Sun“ да проговори за смртта на принцезата Дијана, бидејќи,како што вели, сега е пензионер.

Тој се сеќава дека на неговиот тим му требале три минути до тунелот Pont de l’ Alma, каде што се случила несреќата. Неговиот десетчлен тим излегол на терен и веднаш се фрлил на работа, со цел брзо да утврдат кому е потребна помош и кој е уште жив.
Не знаеле дека во колата е принцезата Дијана.
Како што се сеќава Гурмелон, кога пристигнале во Мерцедес, жената во колата прашала: „О Боже, што се случи?”
На нејзиното десно рамо тој забележал мала повреда.Освен тоа, вели тој,
воопшто немаше крв.
„Жената, за која подоцна дознав дека е принцезата Дијана, беше на подот позади. Се движеше многу споро и можев да видам дека е жива“,рекол Гурмелон за „The Sun”.


Тој додал дека ја држел принцезата за рака откако ја смирил и и’ дал
кислород. Потоа ја изнел од автомобилот и тогаш таа престанала да дише. Тој се обидел да и пружи реанимација.
„И го масирав срцето и по неколку секунди таа почна повторно да дише”, истакнал Гурмелон.
За него, во тој момент, тоа било големо олеснување, бидејќи, како
што вели неговата работа е да спасува туѓи животи.
„Искрено, мислев дека ќе преживее. Колку што знаев, беше во болница, беше жива и очекував дека ќе преживее. Сепак,подоцна дознав дека таа починала во болница”, изјавил пожарникарот.


Во моментот кога принцезата Дијана била сместена во брзата помош, на Гурмелон една од медицинските сестри му открила кој е таа.
“Целата епизода сеуште ми е во мислите. Се сеќавам на таа ноќ,
ќе остане засекогаш во мене”, рекол Ксавиер Гурмелон во своето прво интервју по смртта на принцезата Дијана.
Ова е прв пат тој да зборува за медиумите, бидејќи,по службена должност
не му било дозволено да зборува за тоа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …