(ВИДЕО+ФОТО) Тренерот на Џеј Ло ја открил вежбата поради која пејачката има совршен стомак

Пејачката Џенифер Лопез го прославила 49. роденден и своите фанови ги почестила со неколку фотографии на кои се гледа совршено обликуваниот стомак.

Island vibezzz… 🏝 #vacaciones

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Многумина веднаш биле заинтригирани како да постигнат тониран стомак, а одговорот на тоа прашање го дал нејзиниот тренер Дејвид Кирш.
„Тајнат е во косите стомачни мускули. Тие се совршен избор ако се фокусирате на обликот и тонирањето на целото јадро“, рекол Кирш за списанието „Health“ кој на својот Јутјуб канал и’ ја демонстрирал вежбата.

Тоа секако не е единствената вежба која пејачката ја прави за време на тренингот. Минатата година Кирш објавил видео во кое Џенифер Лопез изведува едноставна и добро позната вежба, но со помош на топка.

„Тренинзите со Џенифер се со висок интензитет и полни со енергија. Се трудам вежбите за целото тело секогаш да се нови и често ги менуваме“, рекол славниот тренер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

12. намирници кои треба да се јадат за појадок – ако сакате да ослабнете

Оброк кој е многу важен кога сакате да се храните здраво и да ослабнете е …