(ФОТО) Повеќе нема стеги: Меган и Хари се бакнуваат во јавност!

И’ додека модните критичари последното јавно појавување на војвотката од Сасекс, Меган Маркл го набљудувале од моден аспект и повторно и доделија многу комплименти, она интересното е – Меган Маркл и сопругот, принцот Хари, јавно се бакнале.

Меган Маркл го придружувала својот сопруг, војводата од Сасекс на поло меч. Но, овојпат не била ноншалантно облечена како минатиот пат, мислиме пред се’ на чевлите – наместо рамни сандали имала салонки на штикла, но носела и фустан кој многумина изненадил.
Тексас на поло меч, ништо чудно, и необично, но ова издание на Хелена Херера придонело Меган Маркл уште еднаш да го сврти вниманието на себе и да покаже дека тексасот може да се носи и на друг начин. Меган на спортскиот натпревар изгледала и’ ноншалантно и’ елегантно, додека го бодрела својот сопруг.


Неговиот тим го добил натпреварот па како што прилега, им бил доделен и трофеј..И, токму тука, во тој момент на среќа Меган и Хари се бакнале, како при излегувањето од црквата на нивната венчавка. Очигледно тоа никој не го очекувал, или не било според протоколот,но младенците едноставно се препуштиле на чувствата. Нивните вљубени погледи уште еднаш покажале дека двојката ужива во нивната љубов.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …