(ВИДЕО) Пол Погба ја воодушевил Хрватска, а подоцна исмеал една препотентна нација…

Пол Погба со Франција ја освоил титулата на светски шампион во фудбал откако во финалето ја совладале Хрвтска со 4:2, но играчот на Манчестер Јунајтед сеедно собрал многу симпатии на светската јавност…

Французите ја славеле втората титула на светски прваци, на тревникот „бил хос“, а Погба направил потег со кој го воодушевил светот. Таа голема ѕвезда на Манчестер Јунајтед му пришла на селекторот на Хрватите, Златко Далиќ, го фатил за рака и му се поклонил.
Бројните фотографи го забележале тој момент, а фотографијата говори повеќе од илјада зборови.


Но, Погба вниманието на јавност го привлекол и со едно кусо видео во кое ги исмејал Англичаните, луѓето во земјата во која заработува милиони, но и на луѓето кои во пресрет на полуфиналето со Хрватска биле невоспитани и без респект за противниците.
Во својата објава тој порачал дека „фудбалот сега се враќа дома“, а за да не ги налути навивачите на Манчестер Јунајтед додал дека се шегувал. Но, на Англичаните сигурно ниту ден денес не им е до шега…особено што беа поразени и во борбата за третото место…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …