(ВИДЕО+ФОТО Галерија) Мајката на Хрватска го остави срцето на теренот: Колинда повторно ги освои насловните ширум светот!

Претседателката на Република Хрватска на постољето со Владимир Путин со солзи им честиташе на Огнените, ги бакна и ги утеши. Во еден момент, низ нејзините раце мина пехарот на Мундијалот па го бакна и него

loading...

Хрватскиот фудбалски тим го оствари вториот најголем успех во историјата, по третото место во 1998. и го освои сребрениот медал на Светското првенство во Русија, играјќи го финалниот натпревар против Франција во Москва.

Француските играчи направија шпалир за хрватските фудбалери и ги наградија со силен аплауз. Сребрените медали ги предадоа Џани Инфантино и рускиот претседател Владимир Путин, а претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ и францускиот претседател Емануел Макрон им честитаа на одличната игра. Хрватската претседателска, исто така, ги прегрна и бакна сите хрватските играчи, селекторот Далиќ како и трофејот на Светскиот куп, кој помина низ нејзините раце.


За време на честитањето и поделбата на медалите, почнало да врне но тоа не ја спречило Колинда Грабар Китаровиќ да продолжи со прегратките иако потполно накиснала. Силниот дожд ги накисна сите на пиедесталот, се додека некој не се сети да донесе чадори и ги отвори над претседателите на Франција, Русија и Хрватска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …