(ФОТО) Отворено писмо на Златко Далиќ до хрватската јавност:Сиот прихот од паричните награди од СП во Русија фудбалерите ќе ги уплатат во посебен фонд за децата на Хрватска

За селекторот на хрватската фудбалска репрезентација веројатно допрва ќе се слуша бидејќи не само што на Хрватска и го донесе сребрениот медал, туку и се самопромовираше како тренер кој заслужува респект.
Овие 30. дена за него се слушаат само најубави работи, но многумина изненади со отвореното писмо до хрватската јавност…

„Хрватска денес е најсиромашна држава на Европската унија. Хрватска е земја која ја водат лоши луѓе, припадници на организација која е проглсен за злосторничка. Тие луѓе ја однесоа Хрватска во понор на беда. Хрватска е земја од која последните 20. години излегоа милион луѓе.
Поради тоа барам од сите политичари и сите претставници на власта кои го доведоа мојот народ во пеколот на бедата, сиромаштија и безнадежност, да се тргнат од фудбалската репрезентација на Хрватска. Не сте добредојдени во нашата соблекувална, не сакаме да се фотогрфирате со нас и не сакаме да се ракувате со нас.

Сите фудбалери, како и фудбалскиот штаб, на овој начин ја информираат јавноста дека сиот прихот од паричните награди од Светското првенство во Русија ќе ги уплатат во посебен фонд за децата на Хрватска. Тој фонд ќе го финансира летувањето на децата на Хрвтска, деца кои никогаш не го виделе Јадранско море.
Делете го и понатаму мојот глас и дојдете на дочекот во понеделник во Загреб“ вели меѓу другото Златко Далиќ.

Но, иако овој текст се прошири во јавноста, на ниту еден хрватски медиум
овие денови не беше спомнат сличен текст па останува дилема дали е тоа дело на Златко Далиќ или пак некој го искористил неговото име за да упати порака до хрватскиот народ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Топ 10. намирници за хидратација во летните жештини

Првото нешто на што помислувате во топлите летни денови е чаша ладна вода. И не …